Високата претставничка на ЕУ, Калас, и министрите за надворешни работи на ЕУ во посета на Украина

May 9, 2025
1 min read

КИЕВ (АА) – Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, и министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ пристигнаа во Лавов, Украина, известува Анадолу.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во објавата на својот профил на платформата X наведе дека високата претставничка на ЕУ, Калас, и министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ пристигнале во Лавов во рамките на активностите по повод Денот на Европа на 9 мај.

Истакнувајќи дека пристигнувањето на оваа голема делегација од Европа во Лавов ја покажува клучната улога на Украина во одбраната на слободата и вредностите на Европа, Сибиха во објавата наведе: „Ова е историски состанок во историско време.“

Известувајќи дека денес во Лавов ќе се одржат два состанока, Сибиха рече:

„Пред нас се две важни прашања: состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ и (состанок на) Главната група на Специјалниот суд за злосторства од агресија во Украина.“

– Средба на украинскиот премиер Шмигал и високата претставничка на ЕУ, Калас

Украинскиот премиер Денис Шмигал во писмената објава на својот профил на Телеграм објави дека се сретнал со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, која е во посета на неговата земја.

Шмигал наведе дека за време на билатералната средба со Калас разговарале за ситуацијата на линијата на фронтот во руско-украинската војна.

Тој изјави дека ѝ се заблагодарил на Калас за нејзината иницијатива ЕУ да издвои фонд во висина од 1 милијарда евра за поддршка на Украина и истакна дека очекуваат наскоро ЕУ да го одобри 17. пакет санкции кон Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дуковски: Васил изрази најдлабоко можно каење, мора да се цени тоа што призна вина

Следно

Македонија во трговски минус: Извозот слабо расте, увозот ја тера економијата

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура

Николоски: 130-тонски машини копаат до 28 метри под земја за изградба на најтешкиот дел од автопато Охрид-Кичево

Во денешната изјава за медиуми заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, зборуваше за градежните активности на најсложениот дел од автопатот кај Ботун, како и за техничкото решение со

„СЕ КОЦКААТ СО НАШИТЕ ЖИВОТИ“: Експертите алармираат за неконтролираниот развој на вештачката интелигенција

OpenAI објави шест извештаи за „неочекувано и загрижувачко“ однесување на своите модели на вештачка интелигенција, објавува Асошиејтед прес. Соопштението доаѓа во време кога технолошкиот свет води сè пожестока дискусија за безбедноста, а

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот
Go toTop