Српските студенти почнаа 24-часовна блокада на белградска Автокоманда

January 27, 2025
1 min read

Утрово во 10 часот почна 24-часовна блокада на белградската населба Автокоманда, соопштија студентите на Правниот факултет во блокада.

Тие ги повикаа граѓаните да им се придружат и изјавија дека смените ќе траат четири часа. Тие апелираа до сите да се придржуваат до договорените правила и да ги почитуваат упатствата на редарите, за да придонесат за одржување на безбедноста на присутните. Наведоа дека организирањето на блокадата е наменето како мирен протест кој испраќа јасна порака, „но не смее да доведе до инциденти или непотребни ризици“.

Како што јави Н1, студентите дојдоа во Автокоманда во две групи – од Студентски плоштад и од булеварот Крал Александар. Тие претходно се сретнаа на Славија. Кон нив од Земун тргнаа студенти од Земјоделскиот факултет во придружба на трактори. Студентите побараа од граѓаните да не излегуваат на автопатот или на трамвајски шини. Едната граница на блокадата ќе биде кај Ветеринарниот факултет, а другата кај кружниот тек кон Востаничка.

– Ќе имаме шатори и греалки, како и некои активности како чајна забава со студенти, мини фудбал, турнири во шах и многу други, се вели во соопштението.

Најавено е дека во 11:52 часот ќе се организира 15-минутен молк за загинатите во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Во 20:00 часот ќе се организира читање на барањата на студентите, меѓу кои и утврдување одговорност за несреќата и кривично гонење на сите кои ги нападнаа студентите за време на претходните собири.

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ синоќа најави дека полицијата ќе го пренасочи сообраќајот во Автокоманда.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палевски бара изземање на скопското Обвинителство од случајот со убиството на Вања и Панче

Следно

ФОТОГРАФИИ од руинираното БМВ од Министерството на Артан Груби

Latest from Blog

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според

Ќе оди ли Карпош на предвремени избори?

Замина на боледување, градоначалникот Сотир Лукровски, зад себе остави низа испреплетени реакции како од јавноста така и од опонентите. Законот за локална самоуправа преку Членот 52 меѓу другото објаснува дека градоначалник определува
Go toTop