Палевски бара изземање на скопското Обвинителство од случајот со убиството на Вања и Панче

January 27, 2025
1 min read

На денешното судско рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски нема да се врши распит на сведокот на обвинителството Гоце Трајковски, соопштија од Јавното обвинителство. Полицијата подолг период го бараше Трајковски кој е осомничен за подметнување на пожар во кафуле во скопската населба Кисела Вода, а кој минатиот четврток сам и се предаде на полицијата.

Трајковски треба да сведочи како доаѓал до снимките од безбедносните камери во случајот со киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и како грабнувањето на Вања го поврзал со исчезнувањето на Панче Жежовски кој беше убиен неколку дена пред малолетната Вања. 

Љупчо Палевски, прво-обвинетиот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на денешното судско рочиште побара изземање на обвинителката, но и на целото скопско Обвинителство. Тој рече дека обвинетиот Боре Видевски поседува пиштол калибар 9мм, со дозвола издадена 1990 година, поседува и ловечка пушка.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доктор за повредата на Ѓоковиќ: Треба сите да му се извинат!

Следно

Српските студенти почнаа 24-часовна блокада на белградска Автокоманда

Latest from Blog

Падна товарен авион во близина на Пакистан- пронајдени се остатоците

Остатоците беа пронајдени по 12-часовно пребарување, пишува Би-Би-Си. Пребарување и пронаоѓање на остатоците Пакистанската аеродромска управа вели дека се во тек напори за лоцирање на екипажот на приватниот товарен авион К2 Ервејс.

Песков: Путин е подготвен за разговор со Трамп

„Господинот Трамп очигледно беше многу зафатен по сите контакти во Анкара, па никој не се јави вчера“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, осврнувајќи се на разговорите што американскиот претседател ги имаше
Go toTop