Средба на Пендаровски со претседателот на Обединетите Арапски Емирати

March 15, 2023
1 min read

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Абу Даби, оствари средба со Шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, претседател на Обединетите Арапски Емирати и Владетел на Абу Даби.

На средбата беа разменети мислења околу можностите за продлабочување на билатералните односи, интензивирање на економската соработка, актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за надворешните приоритети и политичките состојби во двете земји.

Претседателот Пендаровски упати честитки за неговото именување за нов претседател на Обединетите Арапски Емирати и изрази уверување дека Обединетите Арапски Емирати ќе останат посветени на одржување на регионалниот и глобалниот мир и безбедност, како наши заеднички заложби.

На средбата беше констатиран позитивен развој на билатералните односи меѓу двете земји и изразено очекување дека добриот политички дијалог, мултилатералната соработка и меѓусебното почитување ќе продолжат со иста динамика и во иднина, што ќе резултира со конкретна соработка во повеќе области од заеднички интерес.

Претседателот го истакна интересот на Македонија за унапредување на економската соработка и трговската размена со Обединетите Арапски Емирати. Со цел поттикнување и унапредување на соработката меѓу бизнис заедниците, претседателот ја истакна потребата од подобрување на правната рамка меѓу двете земји и ги охрабри иницијативите за склучување на билатерални договори и спогодби за соработка во повеќе области. На средбата беше разговарано за воспоставување на директна авионска линија Скопје-Абу Даби, а беа поздравени иницијативите за поддршка на инвестициски и инфраструктурни проекти од страна на ОАЕ, кои се од стратешки интерес за Македонија и регионот на Западен Балкан.

Во рамки на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати, претседателот Пендаровски ја посети Вахат Ал Карама – Оазата на достоинството, каде положи цвеќе и оддаде почит на мачениците и хероите на Обединетите Арапски Емирати.

Претседателот Пендаровски ја посети и Големата џамија на Шеик Зајед како едно од импозантните архитектонски дела во Обединетите Арапски Емирати, во чија градба се користени и материјали од Прилеп.

Воедно, претседателот Пендаровски ја посети и Аврамската семејна куќа, која со дизајнот и мисијата ги доловува заедничките вредности на јудаизмот, христијанството и исламот и служи како платформа и образовен центар за меѓусебно разбирање, прифаќање и толеранција.

Посетата на претседателот Пендаровски на Обединетите Арапски Емирати е прва посета на претседателско ниво. Во рамки на посетата, како дел од соработката меѓу Министерствата за надворешни работи беше потпишан и Меморандум за укинување на визите за носители на дипломатски и службени пасоши меѓу Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претседателот на Финска утре во посета на Турција заради разговори за членството во НАТО

Следно

МВР со детали за средношколецот кој беше пронајден мртов во Скопје

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop