Спроведени вонредни инспекциски контроли, уништени педесетина килограми небезбедна храна

November 13, 2024
1 min read

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа вонредни контроли на операторите со храна во Крива Паланка. Нештетно се уништени педесетина килограми небезбедна храна.

За утврдени недоследности пуштање во промет на небезбедна и недекларирана храна (подготовки од месо) на маркет од овој град издадено му е решение и прекршочен платен налог, а како небезбедни уништени се 15, 6 килограми од посочените производи.

За пласирање на небезбедни производи кои не биле декларирани, решение и прекршочен платен налог издадени се и на гостилница. Таа продавала недекларирани димени производи, замрзнати колбаси и плуподготвена замрзната храна. Како небезбедни, по потекло од овој оператор со храна, нештетно се уништени 30 килограми храна од животинско потекло.

Парична казна изречена и е и на гостилница кај која со контролата е утврдено дека не поседувала санитарни книшки за извршени задолжителни здравствени прегледи на вработените.

Недоследности не се утврдени при спроведени инспекциски контроли кај пицерија и две месарници во овој град.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

„90 години Попова Шапка“, со презентација на разгледници прикажана историјата на тетовскиот ски-центар

Следно

Алфа: Ново писмо од изутрина, не престануваат очајничките обиди на Ахмети да добие внимание

Latest from Blog

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош преку националниот портал за е-услуги

На барање на бројни граѓани и поттикнати од интересот на медиумите, Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека електронската апликација за закажување термин за издавање на лични документи повторно е достапна

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина
Go toTop