„90 години Попова Шапка“, со презентација на разгледници прикажана историјата на тетовскиот ски-центар

November 13, 2024
1 min read

Планинарскиот клуб Љуботен од Тетово синоќа одбележа „90 години Попова Шапка“ со мултимедијален настан на кој беа прикажани разгледници и кратки филмови посветени на јубилејот на скијачкиот центар. Како година кога почнал да се оформува како скијачки центар се смета 1934-та кога таму бил отворен и пуштен во употреба првиот воопшто изграден објект на Попова Шапка – планинарски дом чии темели сега се дел од истоимениот хотел.

„На 11 ноември 1934 година е свечено отворен првиот планинарски дом на Попова Шапка, која до тогаш не се ни знаела, не ни постоела, како скијачки центар. Со отворањето на овој планинарски дом почнува градењето на Попова Шапка. Овој дом е првиот чекор кој планинарите го направиле со цел освојување на височините на тој дел од Шар Планина. Домот го изградиле членовите на нашиот клуб, тогаш планинарско друштво Љуботен со членовите на туристичко друштво Југ од Скопје и тоа се почетоците на Попова Шапка“, истакна Јован Божиновски.

Презентирани беа десетици разгледници на кои е фотографирана Попова Шапка од 1935 година па се досега. Првата е од 1935 година со фотографија на која го има токму првиот објект планинарскиот дом кој бил отворен претходната 1934 година.

Во планинарскиот клуб „Љуботен се чуваат над 400 разгледници од Шар Планина, од кои 70 отсто се од различни периоди на Попова Шапка.

„Разгледницата е фотографија направена од мајстор на фотографија кој треба да пренесе еден од најубавите амбиенти до оние кои ја добиваат разгледници и на позадината ќе прочитаат од каде пристигнала и кој ја испратил. Таа мануела комуникација нè радуваше сите нас и тоа беше нашиот Фејсбук на многу генерации. Почнале да се прават уште во 19 век, а досега стотина години се изработен во количини кои не можат да се пребројат во милијарди. Но ја изгуби својата улога, сега со технологијата стана архивски документ и музејски предмет која се чува само од колекционери и од музеи и установи“, елаборираше на тема разгледница, д-р Бранислав Светозаревиќ историчар и архивист.

Презентацијата „90 години Попова Шапка“ е дел од активностите кои се организираат во чест на ослободувањето на Тетово 19 ноември и манифестацијата „Непокорот е слобода-80 години Слободно Тетово.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вонредни инспекциски контроли во Крива Паланка, уништени педесетина килограми небезбедна храна

Следно

Спроведени вонредни инспекциски контроли, уништени педесетина килограми небезбедна храна

Latest from Blog

ПАДНА ПРВАТА ОСТАВКА – ШЕСТ ЧЛЕНОВИ НА ВЛАДАТА се свртеа против Стармер

Владата на британскиот премиер Кир Стармер се соочува со сериозна криза откако министерката за станбени прашања, заедници и локална самоуправа, Миата Фанбуле, поднесе оставка во вторникот. Овој потег доаѓа како директна последица

ЈКП „Комуналец“ го засилува темпото: Продолжуваат активностите за косење и уредување низ градот

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека привршува косењето на зелените површини во делот на Градска Река, а од утре започнува и второто косење на Новите градски гробишта со дополнително ангажирана екипа косачи.

Интензивно се уредуваат зелените површини во Прилеп

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека привршува косењето на зелените површини во Градската река, а од утре со дополнителна екипа косачи започнува и второто косење на Новите градски гробишта. Од претпријатието посочуваат

Што треба да знаете пред да ја купите вашата прва криптовалута

Купувањето криптовалута може да звучи привлечно, особено за нови инвеститори што ги привлекува можноста за високи приноси и сè поголемата популарност на дигиталните средства. Токму затоа Binance Academy им помага на корисниците

Средниот прст на Рафиња, анти-мадридскиот дрес на Јамал и букетот на Педри (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин Синоќешната парада на шампионатот на Барселона по повод освојувањето на титулата во Ла Лига беше исполнета со голем број куриозни моменти кои брзо добија популарност на социјалните мрежи. Во едно
Go toTop