Алфа: Ново писмо од изутрина, не престануваат очајничките обиди на Ахмети да добие внимание

November 13, 2024
1 min read

Мотивација и мобилизација на „најаденото и дебело“ членство пред претстојните локални избори, а не реален повик за протести, пренесе ТВ Алфа. Ова, според дел од аналитичарите,  се всушност заканите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој во очај и страв ги упатува на адреса на власта, а ѝ самиот е свесен дека во редовите на партијата нема гладни и незадоволни членови коишто ќе излезат на улица. А Ахмети стана особено гласен заради одлуката што Уставниот суд треба да ја донесе за примената на Законот за употреба на јазиците. Во меѓувреме, голем дел од членството на ДУИ се прелеа во ВЛЕН, а на стаклени нозе му се Кичево и Струга, со тамошниот градоначалник Мерко, па оттука Ахмети нема голем избор за обид на мобилизација на и онака распаднатата партиска структура.

Недозволиво е лидери на политички партии да му сугерираат на Уставниот суд како да одлучува, а уште помалку судот да потклекне пред заканите, појаснува Ристевски.

Изјавата на премиерот Мицкоски дека веќе навикнавме ДУИ да преставува фактор на нестабилност ги налути интегративците.

Упатија остри критики за политиката на владејачката ВМРО ДПМНЕ. Според нив, власта сака да го избрише албанскиот јазик, да го отстрани срцето на Охридскиот договор и ја блокира интеграцијата на Македонија кон патот на ЕУ. Дотолку повеќе, во себе не гледаат никаква вина за создавање на биполарна држава и паралелни институции, напротив – за се тоа според Ахмети, виновна била актуелната гарнитура на Илинденска.

После 18 години за првпат ДУИ не е дел од владиниот колач и дејствува како опозиција. Партијата почна да се распаѓа уште со излегувањето на Изет Меџити сегашниот лидер на ВЛЕН, кој успеа да придобие голем дел од членството на ДУИ.

Оригиналниот прилог и видео овде

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Спроведени вонредни инспекциски контроли, уништени педесетина килограми небезбедна храна

Следно

Шефот на НАТО и американскиот државен секретар разговараа за Украина во екот на зголемените глобални предизвици

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop