Спасовски за МИА: Ова раководство е решено да расчисти до крај со криминалните структури кои 30 години се создавале

October 28, 2023
2 mins read

реклама


Се разговара со многу лица, се обезбедуваат докази, се работи интезивно во откривањето на напаѓачот во Ист гејт но сеуште е рано да се споделуваат информации. Тоа е пресметка на криминални банди кои биле создавани 30-тина години за кои се зборува многу, а никој не преземал одговорност да расчисти со нив, информираше во интервју за МИА министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за пукањето во трговскиот центар во кој се застрелани две лица.

-Тоа се криминални структури коишто биле создавани 30-тина можеби и повеќе години, за коишто сите гласно зборуваат меѓутоа никој не преземал одговорност за да расчистува со нив и ова раководство тоа го направи и е решено да се расчисти до крај. Да треба многу средства, многу напори, многу енергија, тоа да се случи, меѓутоа мора да се завршат работите коишто ќе допринесат таквите криминални структури да бидат зад решетки, да бидат изведени пред лицет на правдата. Недозволиво во изминатите триесет години да имате структури коишто ги поддржуваат одредени бизнисмени, групи итн. притоа барајќи оправдание зошто практично ги поддржуваат дури и финансиски, истакна Спасовски.

реклама

null

Главната улога во истрагата, според Спасовски ја има Одделот за форензички испитувања.

реклама

-Знаете дека објавивме фотографија од извршителот, таа фотографија ја имаме и од видео надзорот, од сите прибрани документи коишто се, и тоа е нормална постапка во криминалистичките истраги. Затоа што слушам деновиве за разно разни состојби дека некој очекува граѓаните да го утврдат лицето. Тоа се нормални криминалистички постапки коишто се превземаат се со цел да се стигне до извршителот, и најважно е да се откријат мотивите иако знаеме дека тоа се пресметки на криминалните групи. Секако дека утврдивме многу работи, се разговара со многу лица, се прибираат многу податоци, информации, докази. Меѓутоа тоа се уште е рано да може да се споделува заради тоа што ќе наштети на истрагата, истакна Спасовски.

Министерот напомена дека е важно истрагите да бидат релевантни и дека сензационалното водење на истрагите може да биде добро за медиумите но не и за истрагата.

реклама

Новата зграда за форензика при МВР кој оддел, според министерот, ја има главната улога во откривање на криминалот и криминалците е направена по сите стандарди и нуди можности за сертифицирање на многу постапки во вештачењето и во испитувањата.

-Тоа ќе значи дека можеме да дадеме услуги, и за други држави, и за потреби, тоа што ние го поседуваме како експертски тим, како експертиза, како можност да го направиме. Јас сум многу горд заради тоа што успеавме да добиеме таков проект којшто целосно е финансиран од страна на ЕУ преку ИПА програмата за Северна Македонија, и на тој начин со вложување на 3,6 милиони евра се изгради таа зграда по најсовремени стандарди, и над пет илјади метри квадратни простор е сега наменет токму за Одделот за форензички испитувања, појасни министерот во интервјуто за МИА.

Информираше дека се очекува до средината на ноември да се инсталира и новиот систем којшто ќе работи за пребарување. Тоа е систем за пребарување на фингер-принт и за препознавање по лик, што за првпат се воведува како постапка во криминалистичкото работење во МВР и генерално во државата. Во дел претходната зграда на кримтехника ќе бидат сместени Одделот за дисциплински и судски постапки како и други служби кои ќе имаат потреба од поголем.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската војска тврди дека во текот на ноќта погодила 150 „подземни цели“ во Газа

Следно

(ВИДЕО) На Курто Дудуш му никна дивоградба и пред општина, тој е рамнодушен

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop