Спасовски и Меџити од Битола: Заедно испишавме историја – Медикоптер за итен транспорт на високоризични пациенти е целосно функционален

December 17, 2023
2 mins read

реклама


Денеска, (17.12.2023), на хелиодромот на Општа болница Битола, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити, заменик министерката за здравство, Маја Манолева, како и директорот на Градска Општа болница „8-ми септември”, Христијан Костов, присуствуваа на презентација на медикоптерот од Одделот за воздухопловни единици при МВР, во кој е инсталирана новата опрема за итна медицинска помош, а со цел да се уверат и да презентираат пред јавноста, како функционира и во пракса овој заеднички пилот проект на МВР и Министерството за здравство, со специјална опрема за извршување летови за меѓу-болнички транспорт.

„Денеска ми е особено чест и задоволство што заедно испишуваме историја. Од моментот на основањето на современата македонска држава до денеска немавме ресурси да го вршиме транспортот на пациенти по воздушен пат. Ова е нешто што сакаме да го промовираме и е исклучиво во интерес на граѓаните”, истакна министерот Спасовски во изјава за медиумите. Притоа, тој ја потенцираше соработката со словенечката полиција која овозможи да се инсталира медицинската опрема.

реклама

„Изминатиов период Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Словенија остварија значителна соработка во областа на воздухопловството. Како резултат на таа соработка хеликоптерската единица на словенечката полиција донираше различна опрема за извршување на специјализирани воздухопловни операции меѓу кои и специјална опрема за извршување на летови за меѓу-болнички транспорт”, рече министерот Спасовски во изјава за медиумите. Притоа, тој појасни дека опремата е компатибилна на двата хеликоптери марка Бел кои ги користи Одделот за воздухопловни единици и истата се состои од медицински пакет кој овозможува транспорт на пациентот и целата медицинска опрема потребна за пациентот за време на летот. Монтажата и демонтажата на медицинскиот пакет е процес кој не одзема многу време т.е за десетина минути хеликоптерот може да се доведе од било која конфигурација во конфигурација за меѓу болнички транспорт и обратно.

Истакнувајќи дека целта на овој систем е значително да се скрати времето на транспорт на високо ризични пациенти од помалите и подалечни болнички установи до поголемите медицински центри во Скопје, Спасовски рече дека времето потребно за транспорт на пациент од најдалечните медицински установи би се скратило од период на неколку часа со амбулантно возило на период од 40-тина минути со хеликоптер.

реклама

„Со ова се придонесува за подобрување на животниот стандард и безбедност нa граѓаните на Република Северна Македонија, намалување на смртноста на лицата кои се жртви на несреќи, подобрени клинички резултати за сериозно повредените, намалено време на транспорт до болница, лекување од страна на специјализирана медицинска екипа на самото место и за време на транспортот на пациентите, и подобрена достапност на здравствените услуги на високо ниво до поголем дел од населението”, истакна Спасовски.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, истакна дека брзиот транспорт е од голема важност за итните случаеви.

реклама

„Со оваа соработка меѓу двете Министерства, овозможуваме заедничко дејствување на припадниците на хеликоптерската единица при МВР и здравствените установи, односно употреба на хеликоптер за транспорт на пациенти.Брзиот транспорт на пациентите е исклучително важен во ургентни состојби. Првиот час по настанување на критична здравствена состојба, ние лекарите го нарекуваме „златен час“. Токму во тоа време соодветна интервенција значително ги подобрува шансите за позитивен исход. За сите тие медицински состојби, сега имаме ултрабрз транспорт”, рече министерот Меџити во изјава за медиумите.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе од 60 мигранти се удавија во бродоломот во близина на брегот на Либија

Следно

Конечно Министерството за култура го доби од Град Скопје потпишан договорот за Универзална сала

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop