Повеќе од 60 мигранти се удавија во бродоломот во близина на брегот на Либија

December 17, 2023
1 min read

КАИРО (АА) – Повеќе од 60 лица, вклучувајќи жени и деца, се удавија во близина на брегот на Либија кога се превртел брод со повеќе десетици мигранти кои се обидувале да стигнат во Европа, објави агенцијата на Обединетите нации за миграции, пренесува Анадолу.

Бродоломот што се случи денес е последната трагедија во овој дел на Средоземното Море. Станува збор за клучна, но опасна рута на мигрантите кои бараат подобар живот во обид да стигнат во Европа. Според податоците на официјалните лица, на оваа рута досега животот го загубиле илјадници луѓе.

Меѓународната организација за миграции (ИОМ) денес објави дека на бродот се наоѓале 86 мигранти. Бродот се превртел поради високите бранови недалеку од градот Зувара, на западниот брег на Либија. Во несреќата животот го загубиле 61 лице.

„Централниот дел на Средоземното Море и понатака е едно од најопасните мигрантски рути на светот“, наведе ИОМ на социјалната мрежа Х.

Либија последните години стана доминантна транзициска точка за мигрантите кои бегаат од војната и сиромаштијата во Африка и на Блискиот исток. Земјата е во хаос по бунтот што го поддржа НАТО, а во кој 2011 година од власта е соборен и убиен долгогодишниот лидер Муамер Гадафи.

Либија е главно почетно место за мигрантите кои се обидуваат да стигнат до европското копно преку опасниот централен дел на Средоземното Море. Според зборовите на портпаролот на ИОМ, Флавио ди Џакомо, повеќе од 2.250 луѓе ги загубија животите на рутата во централниот дел на Средоземното Море оваа година.

„Тоа е драматична бројка која, за жал, покажува дека не се прави доволно за да се спасат животите на луѓето“, напиша Ди Џакомо на социјалната платформа Х.

Според проектот на ИОМ за исчезнати мигранти, пријавено е дека животот го загубиле најмалку 940 мигранти, а 1.248 се водат за исчезнати во Либија во периодот од 1 јануари до 18 ноември оваа година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Франција го осуди убиството на вработен во нивното МНР во израелски воздушен напад на Газа

Следно

Спасовски и Меџити од Битола: Заедно испишавме историја – Медикоптер за итен транспорт на високоризични пациенти е целосно функционален

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop