Соња Михајлова – лауреатка на наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“

June 9, 2025
1 min read

По предлог на НУ Народен театар – Битола и директорот Васко Мавровски, доајенката на македонската театарска сцена, актерката Соња Михајлова, е годинешна добитничка на престижната награда за животно дело, која традиционално ја доделува Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

На свеченото отворање на 59. издание на фестивалот, ова значајно признание ѝ беше официјално врачено, проследено со долготраен аплауз и силни емоции.

„Оваа награда за мене вреди и е тешка колку што вреди и овој театарски фестивал – празник на театарската уметност, празник на театарските уметници, како дел од културниот идентитет на Македонија. За мене тоа е највредното“, истакна Михајлова, видливо трогната од признанието.

Во своето обраќање таа се наврати на својата долга и плодна кариера:

„Има 40-ина години од моето дружење со театарот и во театарот. Сите изминати години за мене се возбудлива авантура на умот, на срцето. Како што театарот има и светла и темна страна. Светлата – предизвикувачка, потрага по сценска вистина, креирање лик. А темната страна – предизвикувачка на поинаков начин, бидејќи во земја како Македонија, таа постојано е предизвикана од промени, трансформации, кои неизбежно оставаат и белег и лузна – и врз срцето, и врз умот.“

Соња Михајлова е актерка со богат репертоар, со десетици улоги кои оставиле траен печат во македонскиот театар. Нејзината преданост, длабочината на интерпретација и неуморната љубов кон сцената ја врежаа не само во историјата на Битолскиот театар, туку и во колективната меморија на македонската културна јавност.

Михајлова е е родена на 14 октомври 1958 во Битола. По завршувањето на средното образование во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, се запиша на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што дипломира во класата на проф. Љубиша Ѓоргиевски. Вработена е во Народниот театар од Битола од 1984 година, а се пензионира во 2022 година.

Таа сѐ уште е активна на својата најсакана сцена – Битолскиот театар. Првенка е во ансамблот на НТБ, ангажирана низ годините во водечкиот репертоар на НТБ, со исклучителен придонес во афирмација на НТБ и македонскиот театар надвор од нашата земја. Во текот на актерската кариера има одиграно повеќе од 150 лика, на матичната сцена на Народен театар Битола и надвор од неа, во претстави и театарски дела.

Покрај Михајлова, награди за животно дело добија и Снежана Коневски-Руси, и Гоце Тодоровски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА ХРВАТСКИОТ МУЗИЧАР МАТИЈА ДЕДИЌ

Следно

Сончево со со мала до умерена облачност – попладне дожд и грмежи

Latest from Blog

Тоневски: Лесновската колонија ја зацврстува културната препознатливост на Пробиштип

Тони Тоневски истакна дека Меѓународната Лесновска ликовна колонија претставува едно од најзначајните културни случувања во Пробиштип, кое со години ги обединува уметниците и го промовира културното наследство на Лесново. Тоневски информираше дека

Денеска на Мундијалот: Страшната Франција подготвена за ново шоу а Парагвај нека му ја мисли

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Синоќа заврши 1/16 финалето на СП, а од вечерва стартува 1/8 финалето. Се разбира дека ова е тоа вистинското, „забавата“, онаа вистинска, сега почнува. Вечерва на програтама се два меча, Канада

Манасиевски: Над 10.000 амандмани се обид за блокада на Изборниот законик

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДС го блокира донесувањето на Изборниот законик поради, како што велат од партијата, страв од изборен пораз и од губење на поддршката од македонската дијаспора. На прес-конференција, портпаролот

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП над 3% покажува правилно насочување на буџетските средства

4 јули 2026, Скопје – Дали средствата од Буџетот се правилно насочени или не се најдобро зборуваат податоците за растот на БДП и буџетскиот дефицит, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во денешната

ФЕРО ИНВЕСТ и WHES на Intersolar Europe 2026: Успешниот батериски проект бара врвна технологија и искусен инженерски партнер

Инженерскиот тим на ФЕРО ИНВЕСТ, ексклузивен партнер на WHES Energy Storage Systems за Македонија, присуствуваше на Intersolar Europe 2026 во Минхен – најголемиот европски саем за соларна енергија, батериски системи и паметни
Go toTop