Сијарто: Унгарската амбасада во Париз доби закана за бомба

December 14, 2024
1 min read

Персоналот на унгарската амбасада во Париз добил закана за бомба преку електронска пошта, соопшти денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Во објава на Фејсбук тој изјави дека француската полиција ги претресла просториите на амбасадата.

Заедно со заканата, испраќачот на мејлот испратил и слика од рачно изработена бомба, но полицијата не нашла таква направа, додаде Сијарто.

Според него, се верува дека мејлот дошол од соседна земја.

Шефот на унгарската дипломатија додаде дека и унгарската тајна служба го истражува случајот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Сторија 24: Битка со церебрална парализа

Следно

Фрчкоски до Муцунски: Шестоцифрени лаги, ова и од неискусен министер е премногу наивно

Latest from Blog

Меџити најавува зајакнување на деловната соработка со Турската стопанска комора во Македонија

Градоначалникот на Општина Чаир и коалициски лидер во Владата, Изет Меџити, денес оствари средба со делегација од Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО), составена од Фатих Шахбаз, Ајдован Адемоски, Имер Селмани и Шахпаз Молалиев.

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано откривање на индивидуалниот ризик кај трудниците и можни генетски аномалии кај плодот.
Go toTop