Фрчкоски до Муцунски: Шестоцифрени лаги, ова и од неискусен министер е премногу наивно

December 14, 2024
1 min read

Љубомир Фрчкоски се огласи со соопштение до медиумите одговорајќи на изјавите на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Муцунски денеска кажа дека Фрчкоски го злоупотребувал буџетот како Амбасадор, и дека штетата е шест цифри во евра.

„Ова и од неискусен министер е сепак премногу наивно и манипулативно за јавноста. 

Го повикувам Министерот јавно, со минимум аргументи и докази, да покаже случај на, не мора шестоцифрена, ако му е многу, еве на двоцифрена злоупотреба на финасиски средства што јас сум ја направил надвор од овластувањата, кои со Законот за надворешни работи се овластувања на секој Амбасадор – и со тоа сум го оштетил буџетот или приватно сум злоупотребил средства од сметка на Амбасадата.

Го повикувам исто така Министерот да не прави крупни, елементарни правни пропусти (за да добие посакуван резултат со конструирање на наводни  злоупотреби), праќајќи во ревизија нелиценцирани, ненадлежни ревизори во пензија (за што има докази и сведоци)  – чија “истрага и акти – Извештај“ не може да бидат користени како никаков правен доказ ниту во дисциплинска ниту во судска постапка. Имено, да не води “вмровски истраги“ туку да води нормални истраги, ако воопшто сака и има намера да дојде до вистината и фактите“, стои во одговорот на Фрчкоски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Сијарто: Унгарската амбасада во Париз доби закана за бомба

Следно

УХМР со најнова прогноза- еве какво ќе биде времето до петок

Latest from Blog

Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера. „Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од 700 летови откажани поради затворање на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на
Go toTop