Сторија 24: Битка со церебрална парализа

December 14, 2024
1 min read

35 години води битка со церебрална парализа. Стефан Ивановиќ од скопски Чаир живее сам. Болеста му е прогресивна, со годините се појавуваат спазми на нозете и отежнато дишење. Лек нема, а терапиите за ублажување на здравствената состојба не може да си ги дозволи. 

Пред две години во Украина извршено му е пресадување на матични клетки. За кратко почнал да оди и без помагала. Се врати надежта да чекорам напред во животот, но процесот на лекување не можев да го продолжам, парите потребни за вториот операционен зафат не успеав да ги соберам раскажува Стефан кој живее само од социјални примања

Додека војува со болеста Стефан живее во неизвесност. Стравува дека ќе остане без покрив над глава. Станот каде што живее го продал за лекувањето во Украина. Новиот сопственик му дал рок да јануари да го напушти станот. 

Но, борбата вели Стефан продолжува. Се надева дека институциите ќе одговорат позитивно на неговото барање за добивање на социјален стан. Верува во човечноста и добрите дела на луѓето кои ќе помогнат да го извлечат од дното и да продолжи со соодветна терапија за неговата болест чие лекување фондот за здравствено осигурување не го покрива. 

 

 

 

 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Е.Пелистер го доби вечното дерби против Вардар

Следно

Сијарто: Унгарската амбасада во Париз доби закана за бомба

Latest from Blog

Мизрахи: Профитот на СДС во случајот Онкологија им бил поважен отколку животите на граѓаните

На панел дискусијата организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Моќта на лековите, живот или профит“, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи истакна дека Анкетната комисија го сработила своето поврзано со скандалот Онкологија, на која

Засилени инспекции во угостителските објекти и зимските туристички центри

​По засилените вонредни контроли кои инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведоа кај операторите со храна пред новогодишните и божиќните празници, контролите во угостителските објекти, домовите за стари

Зеќири: За голготата низ која поминуваат онколошките пациенти мора да има одговорност

„Неспособната власт со денови ги остави пациентите на Онкологија без лекови и соодветна терапија. И наместо да преземе одговорност, да формира штаб, веднаш да го реши проблемот од власта слушаме несериозни изговори

Џеда – музеј под отворено небо каде што историјата се спојува со современиот живот

ЏЕДА (АА) – Улиците на саудискиот град Џеда, кои потсетуваат на музеј под отворено небо со историските џамии и традиционалните градби, се исполнети со динамиката на секојдневниот живот, јавува Анадолу. Џеда, кој
Go toTop