Шојгу се огласи првпат по бунтот на „Вагнер“: Немаше влијание врз нашите акции

July 3, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денес изјави дека вооружениот бунт на руската безбедносна компанија „Вагнер“ не влијаел врз акциите на воените трупи и дека тие продолжиле храбро и несебично да ги исполнуваат задачите што им биле доделени, јавува Анадолу.

За време на денешниот состанок со воени претставници, Шојгу ја даде својата прва изјава за вооружениот бунт на руската платеничка група „Вагнер“ против руските власти минатиот месец.

Опишувајќи го бунтот како „обид за дестабилизација на ситуацијата во земјата“ и „провокативна акција“, Шојгу рече: „Таквите планови пропаднаа поради фактот што персоналот на вооружените сили на Русија покажа лојалност кон своите вредности и воена должност врз кои е положено заклетва. Оваа провокација не влијаеше врз дејствувањата на трупите. Војниците продолжија храбро и несебично да ги извршуваат задачите“, рече Шојгу и им се заблагодари на руските војници.

Осврнувајќи се на ситуацијата на фронтовите во Украина, Шојгу потврди дека руските вооружени сили продолжиле со нападите и го намалиле офанзивниот потенцијал на украинската војска.

Тој додаде дека нападите на украинските воени сили во правец на Доњецк и Запорожје биле неуспешни и додаде: „Во тие насоки се уништени 920 парчиња разновидна воена опрема на украинската војска, од кои 15 авиони, три хеликоптери, 16 тенкови Леопард. Тоа значи дека речиси целосно се уништени тенкови од овој тип што на Украина ѝ беа доставени од Португалија и Украина.“

На крајот, Шојгу потврди дека украинската војска не може да ги постигне своите цели во ниту една насока.

Во сабота, 24 јуни, паравоената група „Вагнер“ го обвини руското Министерство за одбрана дека ги нападнало нејзините борци.

Потоа основачот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, прогласи „Марш на правдата“ и со своите сили ја премина украинската граница и влезе во рускиот град Ростов на Дон, каде што ги окупираа клучните воени објекти.

Пригожин најави дека неговите борци тргнуваат кон Москва, што го натера Кремљ да ги заостри безбедносните мерки во различни региони на Русија.

Тој подоцна рече дека неговите борци решиле да се вратат назад за да избегнат крвопролевање кога биле на 200 километри од Москва, додека белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека разговарал со шефот на „Вагнер“ со дозвола на Владимир Путин, при што Пригожин го прифатил договорот за деескалација.

Во согласност со договорот постигнат со посредство на Лукашенко, кој ја смири кризата доцна во саботата, надлежните институции на Руската Федерација ја затворија кривичната постапка против Пригожин, кој се наоѓа во Белорусија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Се снимаше документарец за ,,Копачка”

Следно

Поранешните министри му станаа советници, екс-премиерот Галаб Донев ќе му биде шеф на кабинетот на Румен Радев

Latest from Blog

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош преку националниот портал за е-услуги

На барање на бројни граѓани и поттикнати од интересот на медиумите, Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека електронската апликација за закажување термин за издавање на лични документи повторно е достапна

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина
Go toTop