Поранешните министри му станаа советници, екс-премиерот Галаб Донев ќе му биде шеф на кабинетот на Румен Радев

July 3, 2023
1 min read

Пет до неодамна членови на владата која тој по службена должност на два пати ја именуваше ќе му станат соработници на бугарскиот претседател Радев. Со неговиот кабинет ќе раководи екс-премиерот Галаб Донев, кој има работно искуство во опкружувањето на Радев. Двајца од советниците се членови на потесното раководство на Бугарската социјалистичка партија (БСП) на Корнелија Нинова

Бугарскиот претседател Румен Радев го назначи доскорешниот технички премиер Галаб Донев за шеф на својот кабинер, соопштија од прес-службата на претседателот Радев. Бугарија.

Позицията дълго време беше свободна, след като през септември 2020 г. от нея беше освободен политологът Калоян Методиев. След това длъжността неофициално се изпълняваше от главния секретар на президента Димитър Стоянов, преди да бъде назначен за служебен министър на отбраната в кабинета “Донев”.

Тој и претходно беше дел од администрацијата на претседателот. Од мај 2017 г. до мај 2021 г. беше секретар за социјални политики и здравство. Во првата службена влада на Румен Радев беше министер на труд и социјална политика а по падот на владата на Петков, во втората службена влада, по предлог на Радев беше избран за премиер.

фото: Фејсбук/Румен Радев

Освен него, во кабинетот на Радев свои позиции добија и екс-министерот за правда Крум Зарков, кој ќе биде секретар за правни прашања, бившиот министер за иновации и развој Александар Пулев ќе му биде советник за иновации на Радев, а поранешниот министер за земјоделство Јавор Гечев е назначен за советник за селско стопанство.

Од утре, советник за регионален развој на Радев ќе му биде доскорешната заменичка министерка за надворешни работи Катерина Граматикова а за екологија ќе го советува екс-министерката за заштита на животната средина Росица Карамфилова-Благова.

Инаку Зарков и Гечев се членови на потесното раководство на Бугарската социјалистичка партија (БСП). Познати се по острите позиции кон лидерката на БСП Корнелија Нинова. Зарков веќе објави дека ја напушта партиската функција бидејќи новата должност не му дозволува да биде во раководството на кој било политички субјект.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шојгу се огласи првпат по бунтот на „Вагнер“: Немаше влијание врз нашите акции

Следно

Фон дер Лајен: Невозможно е да се замисли ЕУ без Западен Балкан

Latest from Blog

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше

Димовска: Условната осуда со надзор не значи дека сторителот останал неказнет

Пробацијата не претставува привилегија или неказнивост, туку начин на извршување санкција под надзор, со цел осуденото лице да се ресоцијализира. Ова го порача претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, во

Американец се забарикадирал во домот и уби девет лица. Меѓу нив деца и бремена жена

Напаѓачот бил пронајден мртов по извршеното дело, пренесува „Њујорк пост“. „Една од најстрашните сцени со кои сме се соочиле“ „Сакам да бидам целосно искрен со јавноста – ова е една од најтешките
Go toTop