Се снимаше документарец за ,,Копачка”

July 3, 2023
1 min read

Многубројни пејачи, играорци и инструменталисти од ЗФГ ,,Копачка” с. Драмче, Делчево викендов настапија на локалитетот Белчанско маало во с. Драмче и месноста Шишаро кај вила „Самовила“, каде се снимаше документарен филм за ,,Копачката”. Документарниот филм е по сценарио и режија на Андреј Волкашин од Делчево, во соработка со ОХО продукција.

Имавме една извонредна можност на свој пијанечки автентичен начин да ја раскажеме приказната за фолклорното добро орото „Копачката“, кое е национално и светско културно наследство, впишано во УНЕСКО, во Репрезенативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото, но и за останатиот пијанечки изворен фолклор и сето тоа преку танцот, песните свадбарски, ороводните песни и раскажувањето за одржливоста на Групата и репертоарот, истакна претседателот на ЗФГ ,,Копачка”, Перса Стојановска.

За членовите на групата како што додаде претседателката искуството е од огромно значење за презентирање на заштитеното оро од УНЕСКО.

Во една многу пријатна атмофера и возвишеност членовите ги редеа чекорите на орото и стиховите на песните. Во очекување на монтирање на конечната верзија на овој за нас многу значаен документарен филм, има се заблагодаруваме на сите за прекрасната соработка пред и во текот на снимањето, додаде Стојановска.

Снимањето на документарниот филм се реализира по повод 75 години од постоењето на Фолклорната група ,,Копачка”.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Продолжуваат жестоките судири во Судан

Следно

Шојгу се огласи првпат по бунтот на „Вагнер“: Немаше влијание врз нашите акции

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop