СДСМ против Славески за гувернер: „Тој е партиски избор и неприфатливо е да биде на таква важна функција“

May 22, 2025
1 min read

Опозициската СДСМ нема да го поддржи предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер на Народната банка. Координаторот на пратеничката група Оливер Спасовски образложи дека ова е партиски а не избор на експерт, што за нив е неприфатливо да биде на таква важна функција. Не може човек кој велеше дека 9 илјади денари минимална плата е голема и кој беше противник на економските политики да биде гувернер, рече Спасовски.

-Ние нема да го поддржиме предлогот за гувернер заради тоа што сметаме дека изборот е исклучиво теснопартиски не е избор кој што ќе понуди експерт на позицијата гувернер на Народната банка што било, би рекол, традиција во изминатите години. Од претседателот на Совет на Град Скопје доаѓа како гувернер на Народната банка, изјави Оливер Спасовски, координатор на СДСМ.

Премиерот Мицкоски, пак, рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за изборот на Славески пак вели дека кандидатот го предлага претседателот на државата и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка. Предлогот Славески да биде избран за гувернер веќе е во собраниска процедура, но за сега не се знае кога ќе биде закажана седницата. За неговиот избор во Собранието потребно е просто мнозинство од 61 глас, кои владејачкото мнозинство ги има во законодавниот дом.

-Тоа е одлука на претседателот на државата, не е одлука на Владата. Согласно Устав претседателката на државата го поднесува тој предлог, така што немам што да коментирам. Предлогот ќе ја добие поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Побаравме став и од Европскиот фронт дали тие ќе го поддржат Славески за гувернер, но одговор не добивме. Славески кој е актуелен претседател на Советот на Град Скопје треба да ја замени досегашната гувернерка Анита Ангеловска Бежовска, а покрај неа кандидат за позицијата прв човек на централната банка беше и Зоран Ставревски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Летната сцена „Славиша Кајевски“ со хуманитарен карактер

Следно

Германскиот канцелар Мерц го повика Израел да дозволи хуманитарна помош во Газа

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop