Летната сцена „Славиша Кајевски“ со хуманитарен карактер

May 22, 2025
1 min read

Македонскиот народен театар ја најави програмата за летната сцена „Славиша Кајевски“ за 2025,  со поддршка од Македонски Телеком.  Оваа година, под слоганот „Млади за млади“, фестивалот  ќе биде насочен кон концертни настани на македонски изведувачи и ќе има хуманитарен карактер. На 12 јуни, со настап на скопскиот бенд Funkshui и артистката Speysd, ќе се отвори второто издание на летната сцена и ќе трае до 21 јуни.

Со овој проект, младите стануваат двигатели на солидарноста: сите средства од продажбата на билетите ќе бидат наменети за Support Кочани, односно за понатамошното лекување и рехабилитација на повредените во трагедијата во Кочани.

„Оваа година доаѓаме со нова енергија и свеж концепт, во соработка со „Стереолаб“, а со поддршката од Телеком го прошируваме опфатот и значењето на настанот. Средствата собрани преку програмата ќе бидат наменети за хуманитарни цели во Кочани – уште еден доказ дека културата може да биде двигател на солидарноста. Изразуваме голема благодарност до Support Кочани, како и до Филип Цветков, којшто го изработи дизајнот за хуманитарната иницијатива. Билетите ќе бидат по симболична цена од 300 денари, што ќе овозможи настанот да биде достапен за што поголем број граѓани“- истакна Никола Кимовски, Директор на МНТ.

„Како бренд веруваме дека вистинската поврзаност значи и грижа еден за друг. Со поддршката на летната сцена не само што вложуваме во културата и креираме искуства за младите, туку им даваме и можност непосредно да им помогнат на своите врсници од Кочани. Со гордост сме спонзори на овие настани од хуманитарен карактер, каде младите не само што ја слават креативноста, туку придонесуваат и за доброто на заедницата“ – истакна Елена Белевска, Лидер на корпоративни комуникации во Македонски Телеком.

„Летната сцена оваа година претставува одлична можност да им се даде шанса на млади музичари да се претстават пред јавноста и да го добијат вниманието кое го заслужуваат. Симболичната цена за слушање на два бенда во истата вечер сметаме дека е прифатлива за секого и дека ќе ги охрабри луѓето да дојдат и да го поддржат звукот на новата генерација“, изјави Дарко Јорданов, уредник на Стереолаб.

Летната сцена „Славиша Кајевски“ премиерно беше отворена минатата година, како посвета на прерано починатиот актер којшто остави длабока трага во македонската култура. Таа ги обединува музичарите и сите други уметници со публиката на летната тераса покрај Вардар. Оваа година, шестдневната програма на летната сцена е во рамките на одбележувањето „80 години Македонски народен театар“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КОМПОЗИТОРОТ ФИЛИП ИВАНОВ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОЈУЗОТ НА КОМПОЗИТОРИТЕ

Следно

СДСМ против Славески за гувернер: „Тој е партиски избор и неприфатливо е да биде на таква важна функција“

Latest from Blog

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е

Николоски: Од една точка ќе се добиваат услуги од 15 институции за побрз увоз, извоз и транзит

Националниот Едниошалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите

МБИ10 со ново намалување: Над 13 милиони денари промет на берзанската сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.403,28 поени. Во однос

Божиновска: Продолжен рокот за државната поддршка – нова можност на граѓаните да обезбедат до 30.000 денари за приклучок или котел на гас

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка за домаќинствата кои инвестираат во гасификациски решенија. Новиот рок за поднесување барања е до 31 октомври 2026
Go toTop