Германскиот канцелар Мерц го повика Израел да дозволи хуманитарна помош во Газа

May 22, 2025
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес го повика Израел да дозволи хуманитарна помош во Газа, по предупредувањата од ОН за глад во палестинската енклава разурната од војна, јавува Анадолу.

„Многу сме загрижени за ситуацијата во Појасот Газа, а исто така и за интензивирањето на воените операции на израелската Армија таму“, изјави Мерц за новинарите за време на неговата посета на Литванија.

„Пред сè, апелираме хуманитарната помош конечно да стигне до Појасот Газа без одложување, а исто така и до луѓето таму, бидејќи, како што слушаме од Обединетите нации, сега постои реална закана од глад“, нагласи тој.

Мерц рече дека израелските власти мора да дозволат испорака на „сеопфатна и навистина одржлива“ хуманитарна помош во Појасот Газа за да се ублажат страдањата на палестинските цивили.

Запрашан за убиството на двајца вработени во израелската Амбасада во Вашингтон, Мерц рече дека се свесни за извештаите дека една од жртвите можеби имала двојно државјанство, меѓу кои и германско државјанство.

„Без оглед на ова, го осудуваме најостро“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ против Славески за гувернер: „Тој е партиски избор и неприфатливо е да биде на таква важна функција“

Следно

Ѓорческа елиминирана во 2. коло на турнирот Куршумлиска бања, Србљак поразен на фјучрсот

Latest from Blog

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е

Николоски: Од една точка ќе се добиваат услуги од 15 институции за побрз увоз, извоз и транзит

Националниот Едниошалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите

МБИ10 со ново намалување: Над 13 милиони денари промет на берзанската сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.403,28 поени. Во однос

Божиновска: Продолжен рокот за државната поддршка – нова можност на граѓаните да обезбедат до 30.000 денари за приклучок или котел на гас

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка за домаќинствата кои инвестираат во гасификациски решенија. Новиот рок за поднесување барања е до 31 октомври 2026
Go toTop