СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и денеска со меѓусебни обвинувања за тоа кој е за, а кој против интеграција во Европската унија

1 min read

Двете партии и денеска продолжија со преписките за тоа кој е за интеграција во Европската унија, а кој е за изолација на С Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека со пролонгирањето на гласањето за уставни измени, власта купува време, додека пак од СДСМ велат дека лидерот на опозицијата е анти ЕУ политичар, налик на неговиот претходник, Никола Груевски

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение велат дека премиерот Ковачевски ја држи Македонија како заложник поради неговата фотелја и дека изборите се единствено решение. Велат дека премиерот повеќе од една година тврдел дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени, а сите тие лаги биле обезличени во петокот каде што се покажало дека не само што немаат 80 пратеници, СДСМ немале ниту 70.

„СДС знаат дека во моментот кога ќе ги стават на гласање уставните измени, тие ќе пропаднат, затоа развлекуваат во надеж месец повеќе да останат на власт. СДС ја оддалечува Македонија од ЕУ со криминалот, корупцијата и неспособната политика која ја водат. Единствен излез се избори. Избори за промени”,

велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, од СДСМ велат дека со негласањето, станало јасно дека Мицкоски е анти ЕУ политичар и дека покажал дека е ист како и неговиот ментор, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој како што велат од владејачката партија, ја држел земјата во изолација цели 11 години, надвор од ЕУ и надвор од НАТО.

„Христијан Мицкоски не гласаше за членство во НАТО и цело време работи против членството во ЕУ. Сака македонскиот јазик да не биде дел од ЕУ, сака да ја блокира европската иднина, сега кога тоа е на дофат на целиот народ, на нашата земја”,

велат од СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека нема да подлегнат и дека заедно со македонскиот народ и сите граѓаните кои во огромно мнозинство сакаат да ја видат земјата во ЕУ ќе се бори за европска иднина и ќе победи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Драма во Охридското езеро, езерската полиција спаси пет лица од едрилица (ВИДЕО)

Следно

Возач низ Прилеп возел со 4,55 промили алкохол во крвта!

Latest from Blog