Русија и Украина ќе потпишат мировен договор на Велигден – протече наводниот план на Трамп за запирање на војната

January 29, 2025
1 min read

Русија и Украина ќе прогласат прекин на огнот на на 20 април или на Велигден. Украина мора да ги повлече трупите од регионот Курск, а потоа кон крајот на април треба да се одржи меѓународна мировна конференција за официјализирање на договорот меѓу Русија и Украина со посредство на САД, Кина, европските земји и земјите од Глобалниот Југ. После тоа, Украина и Русија ќе разменуваат затвореници по принципот „сите за сите“. Вака наводно изгледа планот што го подготви тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави крај на руско-украинската војна за сто дена, објави украинскиот портал Strana. 

Додека траат преговорите и непријателствата, Доналд Трамп нема да го блокира испраќањето воена помош за Украина. Прогласувањето на мировната конференција за прекин на војната мора да биде готова до 9 мај, а од Украина се бара да не ја продолжува вонредната состојба во земјата и мобилизација по тој датум. 

Украина ќе мора да се откаже од членството во НАТО, но за возврат ќе стане членка на ЕУ до 2030 година. Во исто време, Европската унија ќе преземе одговорност за нејзината реконструкција. Исто така, Украина нема да ја намали бројноста и обемноста на својата армија, а САД ќе продолжат да ја поддржуваат модернизацијата на украинските вооружени сили. 

Важна точка во договорот е одредбата според која на изборите ќе им биде дозволено да учествуваат на украинските политички партии кои „се залагаат за одбрана на рускиот јазик и за мирен соживот со Русија“. Исто така, мора да се прекинат сите дејствија против Украинската православна црква и рускиот јазик.

 

The Wall Street Journal на 22 јануари објави дека Трамп му наредил на својот специјален пратеник за Украина, Кит Келог, да ја заврши руско-украинската војна за 100 дена. „Но, склучувањето договор со Путин ќе биде многу потешко отколку што изгледаа предизборните ветувања на Трамп“, беше скептичниот заклучок на  Вол Стрит Џурнал.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови реакции за Предлог-концептот за гимназиско образование

Следно

Нарушен јавниот ред и мир со тепачка меѓу ученици во Неготино

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop