Нови реакции за Предлог-концептот за гимназиско образование

January 29, 2025
1 min read

И професорите по ликовно образование од повеќе средни училишта се спротиставија на новиот концепт за гимназиско образование на Бирото за развој на образованието, според кој се крати фондот на часови по ликовно.

– Ако нашата државна стратегија е да создаваме евтина работна сила, тогаш може да речеме дека за овие три децении независна Македонија ние не само што не сме се кренале да создадеме мислечки луѓе, туку сме се спуштиле удолу создавајќи луѓе со единствен интерес да преживеат, се вели во отвореното писмо од професори по ликовно образование.

– Не сме против реформи во образованието но не на ваков начин. Почнете со промени во сопствениот двор – во Бирото за развој на образованието и  Министерството пред да носите вакви концепции – порачува универзитетскиот професор по етика Дејан Донев откако новиот концепт за гимназиско образование предложи предметите философија, логика и етика да станат изборни. 

Министерката за образование и наука – Весна Јаневска вели дека овој нов концепт е драфт верзија и се уште прибираат забелешки и предлози пред да донесат дефинитивен заклучок, но негира дека во новиот концепт предмети од философскиот корпус би биле исклучени. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател Ердоган во Анкара прими делегација на Хамас

Следно

Русија и Украина ќе потпишат мировен договор на Велигден – протече наводниот план на Трамп за запирање на војната

Latest from Blog

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според

Ќе оди ли Карпош на предвремени избори?

Замина на боледување, градоначалникот Сотир Лукровски, зад себе остави низа испреплетени реакции како од јавноста така и од опонентите. Законот за локална самоуправа преку Членот 52 меѓу другото објаснува дека градоначалник определува
Go toTop