Промоција на романот „Се чини сѐ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“ на Тина Иванова

December 16, 2023
1 min read

Новиот роман на Тина Иванова под наслов „Се чини сè уште постои љубов или: Љубов во време на корона“, ќе биде промовиран денеска во Аудиокултура, со почеток во 19 часот.

Промотор на книгата ќе биде новинарот, писателот, активистот за човекови права, Џабир Дерала. Промоцијата ќе биде збогатена со настап на двајцата пијанисти Дино Имери и Дуња Иванова.

„Се чини сè уште постои љубов или: Љубов во време на Корона“ е приказна за љубовта помеѓу еден маж и една жена. Од една страна, зборува за љубовта помеѓу Ана и Дениал, љубов помеѓу христијанка и муслиман, за онаа чиста, искрена, невина љубов, речиси нереална – опишувана во некој класичен роман. Од друга страна, пак, приказната третира уште една верзија на љубов или „нељубов“, како контрапункт на среќната, полетната, безграничната, безусловната, полна со радост, а тоа е онаа грдата, измамничката, полна со сомнежи, непочитување, тага, објаснува авторката.

Како што укажува и самиот наслов, дел од времето на дејствието се случува во периодот на ковид-пандемијата. Локацијата на дејствијата е Скопје.

Но, во суштина, книгата зборува за предрасудите, пред сè, за религиските, а со тоа и за социјалните судови, за неразумните однесувања и за искривеностите во верувањата, наметнати од религиските авторитети помеѓу луѓето, кои се провлекуваат низ одредени дијалози и размислувања на главниот лик Ана. Низ размислите, во дел од случувањата на Ана, на нејзиниот емотивен живот како жена, се јавува аспект на одредена потиштеност и резигнираност на една разведена жена и сите стравови кои се наметнуваат од статусот, како и за соочувањето со тоа во едно гнило општество. Таа го наоѓа својот пат кон Бога, пат, којшто го наоѓа со помош на најголемиот композитор на сите времиња Јохан Себастијан Бах, посочува Иванова.

Тина Иванова (1976, Скопје) е музиколог и продуцент, со долгогодишно искуство во новинарството, а зад себе има и шест пишани изданија. Во моментов е продуцент во Македонската филхармонија, каде од 2020 до 2023 година беше на функцијата директор.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НЕ СВЕТЕТЕ НИ СО БЛИЦОВИ В ОЧИ, ВИОЛИНИСТКАТА АННА КОНДРАTЕНКО ЈА ИСКАРА ПУБЛИКАТА ВО ФИЛХАРМОНИЈА

Следно

Ако толку многу Османи и Ковачевски создале пријателства низ ЕУ зошто никој не ја замолува Бугарија да нема вето и го напушти состанокот кога ќе се гласа за почеток на преговори

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop