Македонија е блокирана на патот на ЕУ. Завојуваната Украина почнува преговори за ЕУ, и тоа е добар чекор кој го поздравивме. Но, прашањето е зошто нема преговори со Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна преполни се устите на носителите на власта, СДС и ДУИ како тие создале силни меѓународни конекции и приjaтелства. Ако е така зошто не договорат во текот на гласањето, ако Бугарија е единствената пречка да го напушти состанокот и да нема вето за преговори со Македонија.

 

Фактот што Македонија е блокирана е резултат на слабата меѓународна политика на власта. Тоа што Македонија прифаќа диктати е заради неспособните Ковачевски и Османи. Вистинската причина зошто никој не се заангажирал за Македонија како за Украина и Молдавија се високата корупција и криминал во власта.

 

Нема меѓународен извештај или странски претставник кој не нотирал за криминалот и корупцијата кои го јадат системот. Македонија може напред, но пред тoа потребни се промени.

 

Власта мора да се смени. Владата на ВМРО-ДПМНЕ со енергична политика и стратегија за развој ќе ја придвижи државата напред, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.