Примабалерината Марија Кичевска Шокаровска одбележува 25 години уметничка дејност со насловната улога во „Госпоѓа Бовари“

June 4, 2025
1 min read

Примабалерината Марија Кичевска Шокаровска одбележува 25 години уметничка дејност со насловната улога на премиерата на балетот „Госпоѓа Бовари“ на 25 јуни 2025 година со почеток во 20.00 часот на големата сцена на Националната опера и балет, инспирирана од безвременскиот роман на Густав Флобер.

Ова сценско остварување е посветено на јубилејот од 25 години уметничка дејност на примабалерината, Марија Кичевска Шокаровска која со својата енергија, емоција и посветеност остави длабок белег во историјата на македонскиот балет.

Ова балетско дело, поставено во два чина ја раскажува драмата на женската душа, копнежот по страст, слобода и трагичниот судир со општествените норми.

Диригент е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизност и современ израз го доловува духот на 19 век, додека музичката подлога е составена од дела на К. Сен-Санс, М. Равел, Ж. Масне, Ф. Менделсон и Г. Ф. Хендл, сценографијата и костимографијата се на Андреј Злобин и Гана Ипатиева од Украина, светло дизајн, Милчо Александров, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Особено значајно е што оваа премиера е посветена на Марија Кичевска Шокаровска, која со својата уметничка кариера остави неизбришлив печат во историјата на македонскиот балет. Таа ќе ја толкува главната улога на Ема Бовари, во останатите улоги ќе настапат, Франциско Хименез Руиз (Шарл Бовари), Балаж Лочеи (Рудолф Буланже), Дмитро Чеботар (Трговецот Лере) и Ендру Кук (Доктор Оме) заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.  Билетите се пуштени во продажба, онлајн и на билетарницата на МОБ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК НЕ МОЖЕ ДА ИЗУМРЕ, НО КАКОВ ЌЕ БИДЕ ЗАВИСИ ОД НАШАТА ГРИЖА, РЕЧЕ ГРУЕВСКА-МАЏОСКА НА ПРОМОЦИЈАТА НА МАРКА ЗА 80-ГОДИШНИНАТА ОД КОДИФИКАЦИЈАТА

Следно

Герасимовски најави кривични пријави против „Комунална хигиена“ поради сметот во Скопје

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop