Палестинска организација тврди: Рапидно зголемена поддршката за Хамас на Западниот брег

1 min read

Поддршката за Хамас на Западниот брег се зголемила од 12% пред 7 октомври на 42% во декември, според анкетата на Палестинскиот центар за истражување на политики и анкети. Вооружени напаѓачи испратени од Хамас, убија повеќе од 1.200 луѓе во Израел.

Постери на локалниот тинејџер Хамад Џибрил Рамана – кој беше убиен од израелските сили во септември – може да се видат на ѕидовите низ целиот бегалски камп Амари на Западниот Брег. Тие почнаа да се појавуваат по неговата смрт.

Локалните жители велат дека Хамас ги испечатил плакатите за да добие поддршка на Западниот Брег покажувајќи сочувство за неговата смрт. Тој беше гласен поддржувач на Хамас и, според израелските одбранбени сили бил застрелан фрлајќи молотов коктел.

Таткото на Рамана, Џибрил Абдул Рахман Муса, вели дека тагувал за смртта на неговиот син кога израелските сили упаднале во неговата куќа и го уапсиле неговиот друг син, Јахија, на 13 декември.

„Слушнав тропање на вратата и ја отворив, мислејќи дека е Јахија, но Израелците беа таму со своите пиштоли и ми наредија да се повлечам. Им реков дека не се движам затоа што сакам да го видам син ми. Но, тој се закани дека ќе ме застрела. Не се плашев. Потоа ми удри шлаканица по лицето и ме турна назад внатре“, вели Рахман Муса.

Тој вели дека му го одвеле синот и оттогаш се нема чуено со него, без објаснување зошто е одведен. На прашањето зошто е уапсен, претставниците на израелската армија го упатија Гласот на Америка до израелските разузнавачки служби кои не одговорија на барањата за коментар.

Од 7-ми октомври, израелските власти велат дека усвоиле пристап на нулта толеранција за поддршка на тероризмот. Некои од нив се уапсени поради објави на социјалните мрежи кои покажуваат сочувство со групите на отпорот./VOA/

Извор: alsat.mk

Претходно

Четири лица загинаа од истрели во Лос Анџелес, САД

Следно

Се избира техничка влада, Џафери вети одговорност и транспарентност

Latest from Blog