Отоманскиот воен оркестар започна со настапи пред палатата Долмабахче во Истанбул

June 3, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Историскиот оркестар Мехтер, симбол на отоманското воено и музичко наследство, ги започна своите традиционални летни настапи пред палатата Долмабахче во организација на Претседателството за национални палати на Република Турција, јавува Анадолу.

Првиот настап се одржа денес пред „Портата на ризницата“ на палатата и привлече големо внимание кај домашните и странските туристи, кои со воодушевување ги слушаа звуците на старата отоманска воена музика.

Оркестарот Мехтер, кој делува во рамки на Министерството за национална одбрана, настапи во автентични костими, изведувајќи композиции со традиционални инструменти како зурли, тапани и ѕвона, со што го пренесоа духот на империјалното минато.

Оркестарот Мехтер датира од 11 век и во времето на Отоманската Империја им служел на војниците како извор на морал и симбол на воената моќ и победа. Денес, тој претставува вредно културно наследство што продолжува да буди чувство на национална гордост и историско сеќавање.

Во текот на летниот период, оркестарот ќе настапува на три историски локации во Истанбул: во палатата Долмабахче секој вторник, во палатата Топкапи (влезот Бабусаде) секоја среда и во палатата Јилдиз (првиот двор) секој четврток.

Сите настапи започнуваат во 11:00 часот и се отворени за јавноста.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туристите на планината Етна панично бегаат по ерупцијата на вулканот

Следно

ИРЛ: Фирма на Вице Заев во Бугарија инкасирала девет милиони евра од државните пари за набавка на јаглен

Latest from Blog

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска

Македонска технологија во светската елита: „Грин Машинс“ БРАКО го привлече вниманието на најголемиот саем во Германија

Македонската компанија БРАКО и брендот Green Machines деновиве се претставуваат на еден од најголемите светски саеми за еколошки технологии и урбана инфраструктура – IFAT Munich во Минхен. На престижниот меѓународен настан, кој

Македонскиот „Грин Машинс“ меѓу светската елита на ИФАТ во Минхен

Македонските возила за урбана хигиена „Грин Машинс“, кои се произведуваат во БРАКО во Велес, привлекоа големо внимание на престижниот светски саем ИФАТ во Минхен — еден од најзначајните меѓународни настани посветени на
Go toTop