Туристите на планината Етна панично бегаат по ерупцијата на вулканот

June 3, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Туристите бегаат во паника откако југоисточниот кратер на вулканот Етна делумно се урна вчера, предизвикувајќи пирокластичен тек – опасна, брза и исклучително жешка мешавина од вулкански гасови, пепел и камења, јавува Анадолу.

Според Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија (INGV), чие соопштение го пренесе државната новинска агенција АНСА, токму колапсот на кратерот ја активирал оваа силна еруптивна фаза.

Иако засега не се издадени наредби за евакуација, жителите од околните населби се повикани да останат подготвени и да ги следат информациите и упатствата на надлежните служби, додека ситуацијата внимателно се следи од страна на институциите.

На социјалните мрежи се споделени видеоснимки на кои се гледаат туристите како во паника бегаат од областа додека ерупцијата се развива.

Етна, најактивниот вулкан во Европа, се наоѓа на јужниот италијански остров Сицилија и често е познат по своите спектакуларни ерупции. Во последните месеци, забележано е зголемување и на сеизмичката и на вулканската активност, што укажува на потенцијални нови еруптивни циклуси.

Во текот на последните месеци, неговата сеизмичка и вулканска активност е зголемена.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Божиновска: Соларни покриви, стабилни сметки: Македонија гради енергетска иднина за сите“

Следно

Отоманскиот воен оркестар започна со настапи пред палатата Долмабахче во Истанбул

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop