Остин: Немам нови најави за испраќањето борбени авиони за Украина

February 14, 2023
1 min read

Што се однесува до евентуалното испраќање на авионите Ф-16 во Украина, немам нови најави за тоа прашање и немам што да додадам, изјави американскиот секретар за одбрана

Прашањето за можното испраќање борбени авиони во Украина се уште е отворено по состанокот на педесет земји за координирање на испраќањето оружје во таа држава.

„Што се однесува до евентуалното испраќање на американските ловци Ф-16 во Украина, немам нови најави за тоа прашање. Немам што да додадам“,

изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин кој претседаваше со министрите за одбрана на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел.

На прашањето дали Америка ќе се спротивстави на идејата Полска да испрати борбени авиони, Остин одговори: „САД никогаш не ја спречиле Полска да испраќа што сака“.

Тој истакна дека во моментов задача е да се соберат сите видови оружје што веќе и се ветени на Украина.

Дополнително, како што рече Остин, неопходно е да се подготви украинската војска за употреба на овие видови оружје, како и да се обезбеди одржување на сите системи и нивно доставување до линијата на фронтот.

Американскиот министер за одбрана истакна дека сојузниците ќе продолжат да соработуваат со Украина со цел да се задоволат нејзините најитни потреби во областа на одбраната.

Холандија го сфаќа барањето на Украина за Ф-16 многу сериозно, рече холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен при пристигнувањето на состанокот.

„Украина е многу свесна дека ова е нешто на кое му треба време“,

додаде таа.

Борбените авиони, рече таа, не се споредливи со борбените тенкови што ќе и бидат испорачани на Украина во наредните месеци.

Словачка минатата недела објави дека ќе ја разгледа можноста за испраќање на своите МиГ-29 во Украина.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја истакна важноста за испраќање муниција и за обука на украинската војска во услови на дебата за потенцијалното снабдување со борбени авиони за Киев.

„Само Германија досега обезбеди специјална обука за 1 200 украински војници “,

рече Писториус во Брисел.

Писториус рече дека „голем предизвик следните неколку месеци“ за Украина ќе биде да не го изгуби воздушниот простор од руските воздушни сили и да избегне уште посилно бомбардирање и напади врз нејзината критична инфраструктура.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЦУК: Попладнево голем пожар на влезот од Виница, пожарникарите успеале да го изгаснат

Следно

ЛШ: Минимални победи на Баерн и Милан во првите натпревари

Latest from Blog

Кремљ: Путин е подготвен да разговара за предлогот на Зеленски за ненапаѓање на цивилната инфраструктура

Русија е подготвена да го разгледа предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура, изјави денеска портпарлот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека во моментот нема

Партијата „Вреди“ ќе има претседателство од 23 члена, претставници на сегашните коалициски партии

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами од Тетово денеска  информираше дека во текот на неделата партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ ќе именуваат вкупно 23 свои претставници за претседателство кое ќе се

Разнобојниот жив свет во аквариумите вистинска визуелна „гозба“ за посетителите

СКОПЈЕ (АА) – Разнобојниот жив свет во аквариумите отсекогаш го привлекувал вниманието на посетителите поради можноста да се „нурнат“ во богатиот екосистем на длабоките мориња и океани. Фоторепортерот на Агенција Анадолу го

КФМ: Продолжуваат натпреварувањата во сите кошаркарски лиги

Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека во текот на оваа седмица ќе бидат подмирени долговите кон судиите кои протестираа во изминатиот период, што доведе до прекин на натпреварувањата во машка

Снимка со дрон од расцветаните лалиња во Холандија

СКОПЈЕ (АА) – Снимка со дрон ги прикажа расцветаните лалиња во една од најголемите цветни градини во светот, „Којкенхоф“, позната и како „Градината на Европа“, во холандскиот град Лисе, јавува Анадолу. Градината
Go toTop