Партијата „Вреди“ ќе има претседателство од 23 члена, претставници на сегашните коалициски партии

April 22, 2025
1 min read

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами од Тетово денеска  информираше дека во текот на неделата партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ ќе именуваат вкупно 23 свои претставници за претседателство кое ќе се формира за новата партија со истото коалициско име. Тоа претседателство ќе формира и статут, според кој ќе се избира претседател и партиски тела.

– Треба да имаме еден заеднички орган кој ќе одлучува понатаму, статутарна комисија која ќе ги определи сите прашања, како се избира претседателот, органот на раководење со партијата, кои ќе бидат тие, механизми за контрола и за балансирање затоа што се работи за повеќе субјекти кои треба во еден природен процес да станат еден субјект. Прво што е важно веќе е донесена одлуката да имаме заедничко претседателство која ќе ги определи понатамошни чекори кон соединување. По закон треба да заврши целиот овој процес, со заеднички конгрес и формална одлука за запишување во Централен регистар, изјави денес Биљал Касами за медиумите, по општински настан на плоштадот.

Според Касами, коалицијата има добиено 107 илјади гласови и претставува репрезентативен претставник на гласовите кај Албанците.

– Ние како коалиција добивме 107 илјади гласови, од една коалиција која се сочинуваше од албански политички партии. Знаеме дека другите коалиции беа мултиетнички и во овој дел, особено коалицијата на ДУИ не може да се повикува на застапување на правата на Албанците во државата, а цениме дека ги добивме тие 107 илјади гласови за да ги претставиме Албанците и другите граѓани во оваа влада. Било кој да се отцепи од оваа коалиција, ја нема поддршката на овие 107 илјади гласови. Затоа цениме дека овие 107 илјади гласови се нашиот легитимитет да ги претставиме тие гласови во Владата, истакна Биљал Касами.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Разнобојниот жив свет во аквариумите вистинска визуелна „гозба“ за посетителите

Следно

Кремљ: Путин е подготвен да разговара за предлогот на Зеленски за ненапаѓање на цивилната инфраструктура

Latest from Blog

Божиновска на увид во изградбата: Гасоводниот интерконектор со Грција напредува со забрзано темпо

Гасоводниот интерконектор кон Грција влегува во значително поинтензивна фаза на реализација. По интензивната координација меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, НОМАГАС и грчкиот оператор ДЕСФА, динамиката на изградбата е засилена,

Проданоски: Прилеп доби модерен Центар за услуги – над 350 услуги за граѓаните на едно место

Прилеп е меѓу првите градови во државата каде што е отворен Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, со што граѓаните ќе добијат побрз, поедноставен и поефикасен пристап до голем број

Денеска на Мундијалот: Европскиот првак на мегдан со силната Белгија

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Шпанија која на овој турнир влезе како најголем фаворит вечерва против Белгија, селекција која ги “збриша“ Американците во меч кој ќе го противникот на Франција во полуфиналето. „Фуријата“ сеуште нема примено

Путин ги отфрла повиците за мировни преговори, се подготвува за нови офанзиви

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрла повиците за мировни преговори со Украина и е решен да ја продолжи воената кампања, велат извори од Кремљ за Ројтерс.  Коментарите доаѓаат откако Трамп во понеделникот
Go toTop