КФМ: Продолжуваат натпреварувањата во сите кошаркарски лиги

April 22, 2025
1 min read

Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека во текот на оваа седмица ќе бидат подмирени долговите кон судиите кои протестираа во изминатиот период, што доведе до прекин на натпреварувањата во машка и женска конкуренција.

Клубовите од Првата лига (мажи) заклучно со денес, 22 април, ѝ должат на Федерацијата 2.721.000,00 денари по основ казни по издаден билтен и лиценци за странски играчи.

За потсетување, раководството на КФСМ неколку пати одржа состаноци со претставниците на клубовите од Првата лига (мажи) каде беше унифициран ставот дека во моментов, како и останатите спортски клубови во државата, не се во можност да ги подмират своите долгови поради неисплатените финансиски субвенции од соодветниот надлежен орган, со најава дека веднаш по реализирање на истите ќе бидат подмирени нивните долгувања.

Во очекување на исплатата на државните субвенции, а во интерес на кошарката, соодветните канцеларии за натпреварување при КФСМ, за младински и за сениорски лиги, ќе извршат делегирање на натпреварите за тековната седмица за продолжување на првенството.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Снимка со дрон од расцветаните лалиња во Холандија

Следно

Разнобојниот жив свет во аквариумите вистинска визуелна „гозба“ за посетителите

Latest from Blog

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и
Go toTop