МВР објави фотографија од човекот што го вееше знамето на „голема Албанија“ во Тетово

August 18, 2023
1 min read

Ова е и начин да ги демантираме пласираните лажните вести дека сторителот на ова дело е припадник на МВР. Воедно, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат какви било сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата што СВР Тетово ја води во координација со јавен обвинител, веднаш да ја известат најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112 – пишува во соопштението на МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави фотографија од човекот што го веел знамето со „голема Албанија“ на плоштадот во Тетово при посетата на косовскиот премиер Албин Курти пред точно една недела.

Фотографијата што ја објави МВР

„Во врска со кривичноправниот настан од 11.8.2023 г. на Градскиот плоштад во Тетово, за кој во изминатите денови беа пласирани и бројни дезинформации и шпекулации, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го вееше знамето со т.н. ‘голема Албанија’“,

соопшти МВР.

Полицијата повика – ако некој го забележи или има информации за него, веднаш да извести во најблиската полициска станица.

„Ова е и начин да ги демантираме пласираните лажните вести дека сторителот на ова дело е припадник на МВР. Воедно, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата што СВР Тетово ја води во координација со јавен обвинител, веднаш да ја известат најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112“,

повикаа од МВР.

Инаку, посетата на косовскиот премиер Албин Курти се случи во петокот, пред точно една недела. Во Општина Чаир, Курти присуствуваше на преименување на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“. Во Тетово, пак, беше пречекан со речиси целодневни активности и со настан на градскиот плоштад на кој, меѓу другото, се вееше знаме со картата на т.н. „голема Албанија“. Во Тетово Курти го пречекаа градоначалникот и лидер на Движењето БЕСА, Биљал Касами, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, и претседателот на новоформираното Демократско движење, Изет Меџити. Непочитувањето на државните симболи резултираше со прекршочни пријави за градоначалниците на општините Чаир и Тетово, Ганиу и Касами.

Настанот силно ја разбранува јавноста, а власта и опозицијата со денови се расправаа чија е одговорноста за случувањата во Чаир и во Тетово.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Русија во лов на западните ракети во Украина

Следно

САД дадоа зелено светло за трансфер на холандски авиони Ф-16 за Украина

Latest from Blog

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош преку националниот портал за е-услуги

На барање на бројни граѓани и поттикнати од интересот на медиумите, Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека електронската апликација за закажување термин за издавање на лични документи повторно е достапна

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина
Go toTop