Мрежата на летови на Туркије опфаќа 346 дестинации во 131 земја

July 3, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Во текот на децениите Туркије од летање до 60 дестинации во 50 земји на меѓународните линии достигна до бројка од 346 дестинации во 131 земја, рече денес турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу, јавува Анадолу.

Говорејќи на 34. годишен конгрес на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) во Европа, кој се одржува во Истанбул, Уралоглу рече дека Туркије со векови била географска и културна крстосница на континентите и цивилизациите.

Туркије е мост меѓу Азија и Европа и се наоѓа во центарот на коридорите север-југ меѓу Русија и Африка, истакна тој, при што додаде дека земјата, исто така, е на важна положба по должината на историскиот пат на свилата.

Од Туркије патниците можат да стигнат до 1,4 милијарди луѓе во 67 земји за само четиричасовен лет, нагласи тој.

„Денес, благодарение на воздушниот сообраќај, гледаме дека глобалната мобилност на капиталот, знаењето и обучената работна сила се забрза повеќе од кое било друго време во историјата“, посочи турскиот министер.

„Денешните општества знаат дека времето е скапоцен ресурс што не може да се врати назад, да се складира или запре, а развојот на секторот за воздушен транспорт го направи овој концепт на брзина дел од животот на луѓето“, рече Уралоглу.

– Од 34 милиони на 214 милиони за две децении –

Тој истакна дека Туркије радикално го обновила својот авијациски сектор од 2002 година, прво со повеќе од двојно зголемување на бројот на аеродроми од 26 на 57.

„Земјата работеше за да стигне до секоја држава во светот и сега може да се пофали со најголема мрежа на летови во светот“, рече министерот.

„Бројот на патници достигна 214 милиони минатата 2023 година, што е скок од 34,5 милиони во 2002 година“, рече Уралоглу.

Минатата година еден авион минуваше над небото на земјата на секои 15 секунди, истакна Уралоглу, и додаде дека оваа година земјата очекува уште повеќе летови.

Тој, исто така, рече дека аеродромот „Истанбул“ е еден од најфреквентните аеродроми во Европа со 1.520 лета во просек дневно.

„Извонредниот успех на ‘Туркиш ерлајнс’, кој денес се натпреварува со светските гиганти во глобалната цивилна авијациска индустрија, се крие зад пробивот и обемните капацитети и беспрекорната организациска структура на новиот оперативен центар, аеродромот ‘Истанбул’“, рече турскиот министер.

Наведувајќи дека „Фајненшл тајмс“ неодамна објави статија во која се вели дека „Туркиш ерлајнс“ е трета најпрометна авиокомпанија во светот по „Рајанер“ и „Изи Џет“, тој истакна дека „Туркиш ерлајнс“ го зголеми својот воздушен карго сообраќај за 16 отсто минатата година со услугите што ги нуди до 364 дестинации со 24 карго авиони и 416 патнички авиони.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Путин го пофали стабилниот развој на врските меѓу Русија и Туркије

Следно

Шаленберг: Не треба да постојат дополнителни билатерални тешкотии во однос на ЕУ перспектива на Западен Балкан и очекувам Атина да го поддржи овој предлог

Latest from Blog

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки

Прекината истрагата против Додик, Стевандиќ и Вишковиќ за напад врз уставниот поредок на БИХ

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) ја прекина истрагата за напад врз уставниот поредок против поранешниот претседател на Република Српска  Милорад Додик, претседателот на Народното собрание, Ненад Стевандиќ, и поранешниот премиер, Радован

Зеленски: Германија и достави на Украина два противвоздушни системи „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во видео обраќање во Брисел објави дека Германија ѝ префрлила на Украина два противвоздушни системи „Патриот“. Тој го објави ова во видео обраќање до учесниците на Европскиот
Go toTop