Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

March 23, 2026
1 min read

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран, а според стравувањата на неговото семејство, потоа бил и убиен и фрлен, но до ден денеска не е пронајден ниту мртов, ниту жив.

За неговото исчезнување им се судеше на двајца обвинети, и тоа за кривичното дело грабнување. Првобвинетиот Виктор Милановски доби казна затвор од пет години и десет месеци, а второбвинетиот Саша Челичиќ две години и два месеци. Двајцата беа прогласени за виновни од судијката Славица Наумова Јосифовска со објаснување дека го извршиле делото грабнување, за кое е предвидена затворска казна од една до десет години.

Денеска во Кривичниот суд пак требаше да се оддржи рочиште против третообвинетиот Александар Трпковски, кој една година беше во бегство, но потоа се врати и самиот се пријави. Процесот е стигнат до завршни зборови, но тие денеска не се кажаа во судница, бидејќи адвокатот на обвинетиот побара повторно да сведочи, како што рече, клучниот сведок. Обвинителот Дејан Петревски даде согласност, а судијката Моника Бохчовановска го прифати барањето и го одложи денешното рочиште. Инаку обвинетиот пред неколку дена излегол од притвор, на што реагираше таткото на Самоил. Сепак објаснувањето од надлежните е дека се исцрпени законските можности за негово понатамошно држење во притвор.

Според обвинителството обвинетите со возило го однеле оштетениот на непознато место спротивно на неговата волја. Во следните неколку дена, преку пораки на мобилни апликации од непознати испраќачи, членови на семејството и блиски лица на оштетениот добивале пораки со барање за уплата на средства за наводно преземена, а неисплатена наркотична дрога.

Со цел да се прикријат трагите, возилото со кое е извршено кривичното дело и во кое последен пат бил виден оштетениот, било опожарено во Драчево.

Но, она што го одбележа денешното кусо судско рочиште, е што судијката Бохчовановска беше ,,непријателски” настроена кон јавноста во судницата, односно ја праша новинарката на ,,Фокус” што бара на судењето и кој ја повикал да дојде?

,,Фокус” реагира дека ваквиот однос на судијката е непрофесионален, бидејќи присуството на новинарите е законски дозволено, без претходно оддобрение од судечкиот судија. Токму поради тоа новинарите не должат објаснување како и зошто решиле да присуствуваат на одредено рочиште.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриевски му пресуди: Севиља го откачи Алмеида!

Следно

Ласовска: Цените на горивата се под контрола, деривати има доволно

Latest from Blog

Американците убиле 153 цивили за една година

Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни

Статистика со одредена доза мистика

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација. Според најновата компаративна анализа на РИА Новости, Русија има најниска стапка на невработеност меѓу земјите од Г20

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски
Go toTop