Шаленберг: Не треба да постојат дополнителни билатерални тешкотии во однос на ЕУ перспектива на Западен Балкан и очекувам Атина да го поддржи овој предлог

July 3, 2024
1 min read

Не треба да постојат дополнителни билатерални тешкотии во однос на Западен Балкан и очекувам Атина да го поддржи овој предлог, истакна министерот за надворешни работи на Австрија Александер Шаленберг, говорејќи за ЕУ перспективата на регионот, по средбата со шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, кој од своја страна меѓу другото, уште еднаш ги повтори позициите на Грција во однос на нашата земја.

Европската перспектива на земјите од Западен Балкан беше една од темите на кои се осврнаа шефовите на двете дипломатии на прес-конференцијата по нивната денешна средба во Атина, а двајцата министри ја изразија поддршката за државите од регионот што поскоро да станат дел од ЕУ семејството.

Одговарајќи на новинарско прашање, Герапетритис се осврна конкретно на односите со Северна Македонија и Албанија.

– За жал во изминатиот период гледаме од страна на Северна Македонија, од политичкото и државното раководство јасни прекршувања во однос на Дооворот од Преспа особено во поглавјето што се однесува на името на земјата што, без апсолутно никаква отстапка и без никаква можност за менување, предвидува да биде Северна Македонија за сите, како во внатрешноста, така и надвор. И не постои никаква дискутабилност во однос на ова прашање. Една личност што има институционална улога не може во негов јавен настап да споменува друго име од она што е предвидено во договореното, рече Герапетритис.

Говорејќи општо за регионот, шефот на грчката дипломатија рече дека „заедничка желба на Грција и Австрија е во иднина да се исполнат неопходните критериуми за овие држави да се интегрираат во европското семејство“, бидејќи тоа ќе биде во интерес на стабилноста и просперитетот на Балканот, но и на самата Европа.

Шефот на австриската дипломатија истакна дека Западен Балкан „не е заден двор на Европа, туку е центар и внатрешен личен двор на сите“, посочувајќи дека е важно да се постави на агендата на новите институции на Европска унија. 

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мрежата на летови на Туркије опфаќа 346 дестинации во 131 земја

Следно

Агелер: Судскиот совет е важно оружје кое што е потребно за вистинско трансформирање на правосудството

Latest from Blog

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран

Советот на Прилеп одвои 14,5 милиони денари за спортот и граѓанскиот сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки

Советот на Општина Прилеп ја одржа 16-тата седница – 14,5 милиони денари за спорт и граѓански сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки
Go toTop