Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

March 23, 2026
1 min read

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал.

„Медијацијата е во тек и постигнува напредок… Во тек се разговори за завршување на војната и решавање на сите преостанати прашања. Се надеваме дека наскоро ќе имаме одговори“, рече неименуваниот извор.

И Си-Ен-Ен денеска објави, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите, дека неколку земји во последните денови пренесуваат пораки меѓу САД и Иран во обид да ги намалат растечките тензии околу енергетските централи и електраните.

Турција и Египет, според тие извори, исто така, пренесувале пораки како дел од тие напори.

Истовремено, специјалниот претставник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, доби предупредувања од неколку функционери во регионот дека заканата на Трамп за напад врз иранските електрани може да предизвика силна одмазда, вклучително и напади врз американските сојузници во Персискиот Залив, наведе американската ТВ мрежа.

Регионалните функционери, исто така, биле во контакт со иранскиот министер Арагчи, додава Си-Ен-Ен.

И покрај интензивната комуникација, не е јасно колку страните напреднале во разговорите за постигнување „целосно и конечно решение“ за војната, како што рече Трамп денес во објава на неговата мрежа Truth Social.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ласовска: Цените на горивата се под контрола, деривати има доволно

Следно

Banka Popullore: Nuk ka vonesë, zgjedhja e zëvendësguvernatorëve është në duart e Kuvendit

Latest from Blog

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop