Путин го пофали стабилниот развој на врските меѓу Русија и Туркије

July 3, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека односите меѓу Русија и Туркије се развиваат стабилно, јавува Анадолу.

„И покрај сегашните глобални предизвици, односите меѓу Русија и Туркије се развиваат стабилно. Иако забележавме благ пад на трговскиот промет во последните неколку месеци, тој останува на релативно високо ниво од 55 милијарди долари“, рече Путин на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШСО) во главниот град на Казахстан, Астана.

Путин нагласи дека големите заеднички проекти напредуваат според предвиденото и според планот.

Рускиот претседател ги истакна и своите чести интеракции со турскиот колега.

„Многу ми е драго што Ве гледам, господин претседателе. Ние сме во редовен контакт, разменуваме мислења за ситуацијата меѓу нашите земји, регионот и светот во целина. Сепак, помина долго време откако не се сретнавме лично и многу ми е мило што Ве видов денес.“

На поканата на претседателот Ердоган да ја посети Туркије, Путин рече: „Дефинитивно ќе дојдам.“

Голем број планирани посети на Путин беа одложени во последниве месеци поради фактори, како што се изборите што се одржаа во двете земји во текот на оваа година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Им ги исекол крилата на папагалите за туристи да се сликаат со нив, сопственикот доби казна

Следно

Мрежата на летови на Туркије опфаќа 346 дестинации во 131 земја

Latest from Blog

ПСЖ се засили со репрезентативец на Франција!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Пари Сен Жермен објави дека го ангажирал францускиот репрезентативец Лукас Дињ (33), кој пристигнува во Париз од Астон Вила. Искусниот лев бек потпиша договор со актуелниот француски и европски шампион до

Драма на Преспанското Езеро, 71-годишен рибар исчезна во водата, го бараат нуркачи од „Тигар“

Седумдесет и едногодишен скопјанец исчезнал вчера во водите на Преспанското Езеро, откако скокнал од чамец за да ги земе веслата кои му паднале во водата. Како што информира МВР, случајот бил пријавен

Дортмунд ги казни грешките на Арсенал и си замина дома со трофеј

ФОТО:.facebook.com/BVB Борусија Дортмунд го победи англискиот шампион Арсенал со 3-2 на домашен терен во пријателски натпревар и со тоа го освои Емирати Купот. Натпреварот на стадионот „Емирати“ започна подобро за гостите, кои

Нетанјаху го отфрла планот на Трамп за Газа

Неговата изјава доаѓа една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп објави значителен напредок во разговорите. Одборот за мир (BoP) на Трамп потоа презентираше нов план од 15 точки, кој треба да воспостави

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево. Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до
Go toTop