Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира законот за амнестија, власта сака да ослободи криминалци

September 27, 2023
1 min read

реклама



При денешната посета на општина Илинден претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на законот за амнестија кој што е поднесен во Собрание и дали ќе се блокира со амандмани истакна дека владата СДСМ-ДУИ се подготвува за опозиција а ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира законот за амнестија со амандмани бидејќи намерата на власта со овој закон е да се ослободат криминалци кои што служат затворски казни а идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера да се пресмета со криминалот од било каков облик.

„Па видете владата на СДСМ -ДУИ, односно ДУИ-СДСМ како ви е полесно, се подготвува за сериозна опозиција, да, ние ќе го блокираме, тука не треба да има никаква дилема, ова не е закон со европско знаменце како што беа измените во кривичниот законик и ние ќе го блокираме во рамките на собраниската процедура, зошто овој закон има двојна намена првата е да ослободат криминалци кои одлежуваат затворска  казна, бидејќи така им ветиле, тука не мислам само на СДСМ и ДУИ туку и на помалиот коалиционен партнер мислам на Алијансата за Албанците ако воопшто постои, ако не е претопена во ДУИ или барем ној дел кој што се идентификува како Алијанса за Албанците, значи тоа се преземени обврски кон криминалците кои што се на отслужување на затворска казна, дел од нив да добијат намалување делумна амнестија, дел да добијат целосна амнестија и потоа тие исти криминалци да се најдат на улиците и да прават проблеми на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи дека на тој начин ќе добијат, можам да ги разочарам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има јасна намера да се пресмета со криминалот од било каков облик, дали се тоа вакви криминалци кои што се занимаваат со изнуда, ограбувања, рекетирање, насилство итн. или политичките криминалци кои што денеска се дел од владата“, нагласи Мицкоски.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Два клуба од Премиер лигата подготвени да го купат Санчо

Следно

Вработените во јавните обвинителства во земјава од денеска стапуваат во штрајк

Latest from Blog

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop