Божиновска: Интерконекторите се клуч за стабилна и одржлива енергетска иднина

May 14, 2026
1 min read

„Посветени сме да бидеме конструктивен регионален партнер, кредибилен учесник во европската енергетска интеграција, земја која придонесува за постабилна, побезбедна и поодржлива Југоисточна Европа“, изјави денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, говорејќи на Министерскиот панел: “Delivering 2030 – Leadership commitments for the East Med transition”, во рамките на дводневниот „Energy Transition Summit: East Med and Southeastern Europe“, кој се одржува во Атина, Грција.

На Самитот, којшто е во организација на Financial Times и Катимерини, учествуваат високи владини претставници од регионот, како и претставници на бизнис и финансискиот сектор на регионално ниво.

Министерката Божиновска, во својот говор се осврна на важноста од регионалното енергетско поврзување:

„Во изминатите неколку години многу јасно се покажа дека ниту една земја во нашиот регион не може сама да изгради енергетска безбедност, и дека ниту една транзиција не може да успее ако не е сигурна, достапна по цена и погодна за инвестиции. За мојата земја ова е прашање на енергетска безбедност, економска конкурентност и социјална стабилност. Затоа, за нас остварувањето на целите за 2030 значи три работи: изградба на регионална интерконекција како безбедносна инфраструктура, интеграција на обновливите извори преку мрежи, складирање и балансирање, и одржување на транзицијата достапна, социјално праведна и привлечна за инвестиции“, рече министерката Божиновска.

Набројувајќи ги постигнувањата на нашата земја на полето на енергетиката, министерката Божиновска потенцираше дека нашата цел е географската позиција на земјата да се претвори во предност.

„Гасниот интерконектор со Грција е клучен пример. Со почетен капацитет од 1,2 милијарди кубни метри годишно и можност за проширување до 2,8 милијарди кубни метри, тој ја менува нашата позиција од енергетска крајна точка во дел од регионален коридор. Ова е важно затоа што диверзификацијата денес не значи само повеќе снабдувачи. Таа значи повеќе рути, поголема флексибилност и поголема отпорност.

Преку поврзувањето со Грција, нашата земја го зајакнува пристапот до регионалните гасни текови, вклучително и LNG инфраструктурата. Планираната интерконекција со Србија е следниот чекор кон посилна север-југ енергетска поврзаност во Југоисточна Европа. Нашата позиција е јасна: интерконекторите се инструменти на регионална стабилност, енергетска дипломатија и долгорочна отпорност“, нагласи министерката Божиновска на Министерскиот панел: “Delivering 2030 – Leadership commitments for the East Med transition”, во рамките на „Energy Transition Summit: East Med and Southeastern Europe“.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тоневски: Од непроодни патишта до модерна инфраструктура во Пробиштип

Latest from Blog

Тоневски: Од непроодни патишта до модерна инфраструктура во Пробиштип

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, во вчерашното гостување на ТВ Стар информираше за тековни инфраструктурни зафати во општината, опфаќајќи и урбани и рурални проекти. Во делот на руралната инфраструктура, во тек е

УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА КАБИНЕТ на Зеленски

Врховниот суд за борба против корупцијата во Украина му изрече превентивна мерка – притвор на поранешниот шеф на претседателската администрација на Володимир Зеленски, Андриј Јермак, со можност да плати кауција од 140

Муцунски ја повика опозицијата да покаже зрелост и активно да се вклучи во реформите поврзани со европската агенда

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на денешната прес-конференција во Владата порача дека членството во Европската Унија останува стратешка цел на државата и еден од клучните столбови на македонската

Сензационален трансфер на Левандовски за 90 милиони евра по сезона

Рорберт Левандовски е блиску до сензационален трансфер од Барселона откако доби понуда што го промени животот од Саудиската професионална лига. Искусниот напаѓач наводно е блиску до прифаќање на финансиски пакет што би

Тоневски: Пробиштип гордо ја негува културата и фолклорот

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес присуствуваше на отворањето на 24-та Регионална ревија на песни, музика и игри „Пробиштип 2026“, организирана од Здружението на пензионери од Пробиштип. Тоневски истакна дека организацијата
Go toTop