Мицкоски: Го заокружуваме ветувањето за линеарно зголемување на пензиите за 5000 денари

January 3, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека над 300 000 пензионери повторно ќе добијат линеарно зголемување на пензиите за 2500 денари со мартовската пензија, по покачувањето од 2.500 денари во септември лани, со што ќе се заокружи ветувањето на Владата за повисоки пензии за 5000 денари.

Во одговор на новинарско прашање, Мицкоски повтори дека во новиот Буџет е предвидено зголемувањето на пензиите за 2500 денари со мартовската пензија која што ќе биде исплатена на почетокот на април.

– Со тоа се заокружува ветувањето дека во првата година пензиите линеарно ќе бидат зголемени за 5000 денари. За девет месеци тоа ќе го направиме. И мислам дека  пензионерите се задоволни од оваа мерка и дека на некој начин успеваме да им ги олесниме пензионерските денови како Влада и ќе продолжиме во таа насока да работиме и во иднина. Повеќе од 300 илјади пензионери ќе го добијат ова покачување со мартовската пензија, изјави Мицкоски, по пуштањето во употреба на спортска сала во Радовиш.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мукаетов за претстојниот Мундијал: Би бил задоволен со три победи

Следно

Најмалку 40 луѓе се спасени во пожар во зграда во близина на Сеул

Latest from Blog

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop