Мукаетов за претстојниот Мундијал: Би бил задоволен со три победи

January 3, 2025
1 min read

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов посакува националниот тим да избори учество во втората фаза на претстојното Светско првенство.

– Да останеме таму најмалку 12 дена, тоа значи пласман во втор круг, а јас лично би бил задоволен со најмалку три победи на шест натпревари, изјави Мукаетов на денешната заедничка прес-конференција во Македонски Телеком.

РФМ ја продолжи соработката со Телеком кој е долгогодишен партнер на македонските ракометни репрезентативци.

– Осум години македонски Телеком е верен партнер на македонскиот ракомет давајќи безрезервна поддршка на македонскиот национален тим. И со оваа прес-конференција даваме поддршка на репрезентацијата, им посакуваме голем успех и многу среќа на Светското првенство, изјави главниот извршен директор на Телеком, Никола Љушев.

Македонија на Мундијалот 2025 е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двајца загинати, 19 повредени при уривање на мал авион врз комерцијална зграда во Калифорнија

Следно

Мицкоски: Го заокружуваме ветувањето за линеарно зголемување на пензиите за 5000 денари

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop