Мицкоски: Џабе се трудат Зечевиќ, Маричиќ, Груби, Османи…, ние нудиме професионалци кои имаат обврска да обезбедат кредибилни избори

January 26, 2024
1 min read

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска се осврна на како што рече – ново формираната коалиција, барем во јавните гласила и на јавна сцена, а тоа е коалицијата Зечевиќ, Маричиќ, Груби, Османи заедно со јастребите кои што треба да нанесат штета на антивладиот глас во Македонија. Тој нагласи гека споменативе лица заедно со цело СДСМ сакаат да го девалвираат капацитетот на петте кандидати за министри и дополнителни министри во техничката влада од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ги читам нивните сега соопштенија. На тој начин тие сакаат да ја девалвираат практично целокупната коалиција која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е вистинската антивладина коалиција. Тоа е коалиција која се бори против Зечевиќ, Маричиќ, Груби, Османи, нови и стари Алтернативи и разно разни јастреби кои имаат задача да направат штета на антивладиниот глас во Македонија. Замислете за прес центарот кој што го водат Зечевиќ и Маричиќ, а тоа е СДСМ, еден Артан Груби и Бујар Османи се по прифатливи од Стефан, Цветан, Елена, Панче, Ѓоко, а сите тие заедно немаат половина од тоа што го имаат овие кандидати поединечно како сопствена биографија или нешто што направиле за Македонија, иако 6 ипол години се министри во владата, истакна Мицкоски.

Според него тоа претставува политичка неодговорност и срам, затоа што и во поразите и победите човек треба да е достоинствен.

-Загубија кога велеа дека ќе има разделени избори, еве немаме, туку имаме избори кои што се споени. Ние им велевме дека изборите ќе бидат во април и мај, тие велеа не, ќе биле во март, па во август, но и тука капитулираа. А главната капитулација беше оставката на Димитар Ковачевски кога тој капитулираше пред истите овие кои што една државотворна партија на почетокот на 90титет како што беше СДСМ, ја претворија во измеќар и слуга на Артан Груби, Бујар Османи, Али Ахмети и сличните како нив, додава опозиционерот.

Мицкоски истакна дека власта нанела многу зло и неправди кон граѓани, како и дека поради тоа стравот е голем кај нив. Тој воедно истакна дека примарната цел на ВМРО-ДПМНЕ е да го консолидира антивладиниот глас се со цел да освојат 61 пратеник, а на тој начин ќе се отвори портата не за реформи, туку за трансформација на Македонија.

Првиот опозиционер рече дека техничките министри и дополнителните заменици министри од ВМРО-ДПМНЕ ги очекува многу работа и предизвици. Тој е убеден дека 5те луѓе професионалци од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе бидат дел од техничката влада во 100-те дена на техничката влада ќе дадат се од себе за да обезбедат кредибилен процес, да го одбранат гласот и волјата и народот, а со својата работа ќе покажат и докажат дека не се сите исти.

Извор: skopskoeho.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четворица европратеници предлагаат „туристички Мини-шенген“ меѓу Бугарија, Грција и Романија

Следно

Диши, диши, не диши

Latest from Blog

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за

Колумбија стравува од нов случај Ескобар: Смртни закани за Кампаз кој промаши златна шанса за четвртфинале

Колумбиската фудбалска федерација ги осуди смртните закани упатени кон играчот од средниот ред, Хаминтон Кампаз и неговото семејство, по елиминацијата на Колумбија од Светското првенство во 2026 година. Колумбија беше елиминирана во

Авион се урна на Бахамите: Нема преживеани (ВИДЕО)

Цесна 402, управувана од локалната авиокомпанија Фламинго Ер, полета од меѓународниот аеродром Линден Пиндлинг во главниот град Насау во петокот кон аеродромот Сан Андрос. Авионот наишол на тешкотии за време на летот

Само тие што плаќаат чланарина во приватен клуб да може да пушат цигари – поднесен амандман за Законот за пушење

Поднесен е амандман на Законот за заштита од пушењето кој се наоѓа во собраниска процедура, со кој се бара пушењето цигари да биде дозволено само во „приватни клубови“. Министерот за здравство во

Коњановски: Директниот контакт со граѓаните е клучен за подобри социјални услуги

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека присуствувал на настанот „Мобилни социјални пунктови“, организиран од Советот за социјална заштита на Општина Битола во соработка со здруженија на граѓани од градот. Според
Go toTop