Диши, диши, не диши

January 26, 2024
1 min read

58 годишниот Кенет Смит е првиот американски затвореник усмртен со гушење со помош на азот.

Азотот не е лош, ама ако го има таман колку што треба, отприлика 78% колку што вообичаено го има во воздухот кој го дишеме. На Смит му ставиле маска која му пуштала саде азот, во гасовита состојба. Се смирил дури после 22 минути а претходно сцената била агонична.

Неговиот духовен ментор, свештеникот Џеф Худ кој присуствувал на егзекуцијата вели дека дури и службените лица биле видно изненадени колку лошо поминал настанот. Се очекувало Смит да изгуби свест за 30-тина секунди но долго потоа било јасно дека човекот уште е свесен и се бори за здив.

И организации за човекови права се згрозени од начинот на кој е убиен затвореникот.

„Лага е дека ова или смртоносната инекција се хумани методи. Единствената нивна задача е да ја скријат болката. Уште колку затвореници треба да умрат во тешка агонија пред да сфатиме дека тоа не е ништо друго освебн насилно одземање туѓ живот?,“соопшти организацијата Реприв.

Алабама е една од трите американски држави, заедно со Оклахома и Мисисипи која има одобрено азотна хипоксија како метод за спроведување на смртната казна.

„Ништо нема да ја врати мајка ми,“ изјави синот на Елизабет Сенет која Смит по нарачка ја убил на нејзина 45 годишна возраст во 1988 година.

Во ноември 2022 година, Смит го преживеа обидот за негово усмртување со инекција откако цели четири часа, соблечен гол, надлежните не успеале да му најдат вена во нозе или во раце во која инјекцијата би била ефикасна.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Џабе се трудат Зечевиќ, Маричиќ, Груби, Османи…, ние нудиме професионалци кои имаат обврска да обезбедат кредибилни избори

Следно

Се наѕира следниот предизвик: Дали Клоп ќе го преземе славниот шпански гигант?

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop