Министерството за спорт на европска сцена: Волонтерството како двигател на општествена промена

November 25, 2025
1 min read

Министерството за спорт и Министерството за економија беа активни учесници и соработници на Регионалната ЕУ конференција: „Мостови на искуство: Зајакнување на сениорското волонтирање за одржлив развој низ Балканот“ што се одржа на 24 и 25 ноември 2025 година во Скопје, во организација на Асоцијацијата за Спорт и Волонтерство (АСВ-Скопје), Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП-Скопје), Центарот за европско волонтирање (CEV – Брисел) и Конфедерацијата на европски услуги на сениорски експерти (CESES – Брисел).

Главната цел на овој значаен меѓународен настан е зајакнување на регионалната соработка меѓу владите на балканските земји, граѓанското општество, приватниот сектор и академската заедница, со цел промоција на инклузивното волонтерство, во пресрет на Меѓународната година на волонтерството 2026 (IVY 2026) на Обединетите нации.

На Конференцијата на која присуствуваше и ЕУ амбасадорот, Н.Е. Михаелис Рокас беше истакнат растечкиот потенцијал на волонтерството во сите возрасни групи, особено кај лицата над 50 години кои продолжуваат активно да придонесуваат во општеството. Со своето искуство, вештини и лидерство, тие играат клучна улога во јакнењето на заедниците, пренесувањето на знаење и поттикнувањето на меѓугенерациска солидарност.

Како претставници од Министерството за спорт на Конференцијата присуствуваа државниот секретар, Сашо Огњеновски и посебната советничка на министерот за спорт за ЕУ проекти и децентрализација, Гордана Цветковска Бошевска.

Волонтерство во спортот беше тема на панел-сесијата „Од спортски настани до секојдневие: Волонтерски улоги во спортот што ги поврзуваат генерациите“, на која учествуваа претставници од Министерството за спорт, од националните спортски федерации и здруженија, како и поранешни спортисти и тренери. Во обраќањата на присутните панелисти беше потенцирано дека „спортот е природна и моќна платформа за социјална промена во светот, а волонтерството негова алатка“.

Поранешните спортисти, тренери и професионалци од спортскиот сектор носат уникатна мотивација и практично знаење што може да ги збогати волонтерските иницијативи, инспирирајќи ја младината и промовирајќи вредности како тимска работа, инклузија и општествена одговорност.

Во дискусијата беа споделени различни искуства и беше нагласена важноста и потребата од развој на национални и регионални модели на спортско волонтерство, создавање на програми за спортски настани, менторство, лидерство и вклучување на сениорски волонтери како пример за активно стареење и општествена кохезија.

Главна цел на Конференцијата, како што нагласија организаторите, е да обезбеди платформа за зајакнување на партнерствата и усогласување на националните политики со европските рамки за признавање и унапредување на волонтерството како и иницирање на партнерства меѓу федерациите и институциите од регионот и развивање на конкретни акциски планови за интеграција на волонтерството во спортот во националните стратегии.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Турција најавува построги правила за рекламирање на социјалните мрежи

Следно

Алиу на 11. турски медицински конгрес: Дигитализацијата не е избор, тоа е вратата низ која секој здравствен систем мора да помине

Latest from Blog

Украина ја прифати суштината на мировниот план – Стармер: Постигнат е значаен напредок

Висок украински функционер потврди дека Киев ја поддржува суштината на мировниот договор предложен од Соединетите Американски Држави. Оваа потврда доаѓа по состанокот на американските и украинските претставници одржан минатиот викенд во Женева,

Алиу на 11. турски медицински конгрес: Дигитализацијата не е избор, тоа е вратата низ која секој здравствен систем мора да помине

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска, се обрати на 11. турски медицински конгрес, кој се одржува во Анкара на покана на Министерството за здравство на Република Турција. Во своето обраќање истакна дека

Турција најавува построги правила за рекламирање на социјалните мрежи

Турското Министерство за трговија подготвува нова регулатива со која ќе се заостри надзорот врз рекламите што креаторите на содржина ги објавуваат на социјалните мрежи, со воведување построги правила за транспарентност, нови ограничувања

ЛШ-5.коло: Спектакл во Лондон, Елмас и Наполи го пречекуваат Карабах!

фото: FC Barcelona (X) Вечерва продолжуваат возбудувањата во Лигата на Шампионите, во најквалитетното клупско европско натпреварување. Се играат првите девет меча од 5.коло во ЛШ. Секако дека најинтересно треба да биде на
Go toTop