Турција најавува построги правила за рекламирање на социјалните мрежи

November 25, 2025
1 min read

Турското Министерство за трговија подготвува нова регулатива со која ќе се заостри надзорот врз рекламите што креаторите на содржина ги објавуваат на социјалните мрежи, со воведување построги правила за транспарентност, нови ограничувања поврзани со вештачката интелигенција и повеќе забрани, објави весникот „Туркије“.

Според Министерството, новата регулатива е создадена како одговор на растот на комерцијална содржина на социјалните мрежи и зголемениот број поплаки поврзани со присуството на лажни реклами.

Предлогот предвидува сите реклами во профилите на креаторите на содржина јасно да бидат означени како комерцијална содржина. За таа цел, тие ќе мора да користат барем една од следниве ознаки:

#Reklam (Реклама), #Sponsor (Спонзорство), #İşbirliği (Соработка), #Ortaklık (Партнерство), #Hediye (Подарок) или #Davet (Препорака).

Креаторите ќе бидат обврзани секогаш да го наведуваат и името на производителот чии производи ги рекламираат. Кај видео содржините, тоа ќе мора да биде напишано или јасно изговорено.

Новата регулатива предвидува и задолжително означување кога е користена вештачка интелигенција за измена или подобрување на изгледот на производите во рекламите. Реклами што би сугерирале дека лик генериран со вештачка интелигенција користел или препорачал одреден производ ќе бидат целосно забранети.

Целосни забрани за рекламирање ќе важат и за гатачи, медиуми, астролози, како и за секој вид игри на среќа и коцка. Забранета ќе биде и содржина што тврди дека одредени додатоци можат да ја заменат редовната храна или дека некој производ лекува болести.

Според податоците на турското Министерство за транспорт и инфраструктура, до мај 2025 година речиси 60 од 86 милиони жители на Турција користат социјални мрежи. Според статистички процени, расходите за рекламирање на социјалните мрежи во земјата може да ја надминат вредноста од 80 милиони долари до крајот на 2025 година, а до 2030 година се очекува тие да растат по просечна годишна стапка од 15,25 проценти и да достигнат околу 165 милиони долари.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЛШ-5.коло: Спектакл во Лондон, Елмас и Наполи го пречекуваат Карабах!

Следно

Министерството за спорт на европска сцена: Волонтерството како двигател на општествена промена

Latest from Blog

Сенегал се жалеше на CAS, одлуката за Купот на Африка ќе се донесе на 8 август

ФОТО:facebook.com/fsfOfficielle Контроверзното финале од Купот на Африка, во кое што Сенегал загуби во дуелот со Мароко, ќе добие уште една епизода. Сенегалците и официјално имаат поднесено жалба на судот за спортска арбитража

„НЕ СМЕ ВИ КАСИЧКА – ПРАСИЧКА, ЌЕ ПЛАТИТЕ ВИСОКА ЦЕНА“

Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со „значајни“ царини откако Брисел воведе серија високи казни на американските технолошки гиганти. Во објава на неговата платформа Truth Social, американскиот претседател напиша: „Соединетите

Клоп: Ако ја преминете „линијата“ со моето семејство – веднаш ќе си одам!

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп беше официјално претставен како нов селектор на германската фудбалска репрезентација, со која потпиша договор до 2030 година. На својата прва прес-конференција, тој веднаш постави јасни правила за
Go toTop