Минималeцот од март ќе биде 20 175 денари, вели Битиќи

February 24, 2023
1 min read

Според последните информации што ги издаде Државниот завод за статистика, 12,55 отсто ќе биде зголемувањето на минималната плата и таа ќе биде 20 175 денари нето, вели вицепремиерот за економски прашања

Фото: МИА

Минималната плата од идниот месец ќе биде 20 175 денари, најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Се прават последните пресметки и мислам дека Сојузот на синдикати, но и Министерството за труд и социјална политика се пред крај со пресметките. Според законот, секоја година во март има ново усогласување со двата критериума. Оваа година мислам дека според последните информации што ги издаде Државниот завод за статистика, 12,55 отсто ќе биде зголемувањето на минималната плата и таа ќе биде 20 175 денари нето. Соодветно и бруто-минималната плата ќе биде зголемена. Со тоа ќе продолжи тенденцијата на линеарно зголемување на сите други плати во сите сектори“,

рече денеска Битиќи.

На почетокот на месецот и министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од март ќе има зголемување на минималната плата во приватниот и јавниот сектор.

Бектеши рече дека минималецот најверојатно ќе биде 20 500 денари и тие средства се предвидени во сите институции со Буџетот за 2023 година.

Дополнително на тоа, како што најави Бектеши, за да има еднаквост во делот на платите на администрацијата, би требало околу 2 000 денари да има зголемување линеарно на сите плати во администрацијата со цел да има разлика меѓу платите во државната администрација.

Според него, Министерството за финансии ги има направено сите неопходни калкулации и е подготвено да се реализира зголемувањето на минималната плата и платата на административните службеници.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ИНСТАТ: Во јануари за 94 отсто зголемен бројот на странските туристи во Албанија

Следно

Русија и Украина го поздравија мировниот план на Кина

Latest from Blog

Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба

Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска на прес-конференција ќе ги претстават младенците за годинашната Галичка свадба и ќе ја соопштат програмата на манифестацијата.  Покрај невестата и зетот, кои ќе бидат облечени

ДУИ: Изгубени 40 милиони евра – неуспех на европската агенда на сите фронтови

Во сенка на големиот дебакл во Европскиот парламент, речиси незабележано поминува веста дека државата изгубила речиси 40 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија.Овие средства не беа симболични.Тие беа наменети

Врховниот суд на САД ќе одлучува за учеството на трансродови лица во женски спортови

Врховниот суд на САД соопшти дека ќе ги разгледа првите случаи поврзани со учеството на трансродови лица во женски спортски натпревари – тема која предизвикува сè поголеми политички и правни поделби во
Go toTop