Русија и Украина го поздравија мировниот план на Кина

February 24, 2023
1 min read

На првата годишнина од руската инвазија на Украина, Кина објави документ со 12 точки во кој детално е опишан нејзиниот став за руско-украинскиот воен конфликт и во кој, меѓу другото, повикува на мировни преговори и прекин на непријателството меѓу двете страни

Москва го цени планот на Кина за решавање на конфликтот во Украина и е отворена за опцијата за постигнување на целите на „специјалната воена операција“ преку политички и дипломатски средства, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. Таа додаде дека тоа би претпоставувало признавање на „нова територијална реалност“ во Украина, пишува „Гардијан“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на денешната прес-конференција по повод годишнината од руската инвазија, меѓудругото, го коментираше и кинескиот мировен план.

„Добро е што Кина зборува за Украина. Пекинг нема лоши интереси. Според изјавеното, Кина го почитува нашиот територијален интегритет. Но, прашањето е што следи по тие зборови. Прашањето е во чекорите и каде ќе водат тие. Некои точки во декларацијата ми се разбирливи, а со некои не се согласувам“,

рече Зеленски.

На првата годишнина од руската инвазија на Украина, Кина објави документ со 12 точки во кој детално е опишан нејзиниот став за руско-украинскиот воен конфликт и во кој, меѓу другото, повикува на мировни преговори и прекин на непријателството меѓу двете страни.

Во документот насловен како „Позицијата на Кина за политичкото решавање на кризата во Украина“, кинеското Министерство за надворешни работи наведува дека земјата ќе продолжи да игра конструктивна улога во продолжувањето на мировните преговори.

„Конфликтот и војната никому не му користат. Сите страни мора да останат рационални и да покажат воздржаност, да избегнуваат разгорување на пламенот и влошување на тензиите и да спречат дополнително влошување на кризата или дури и излегување од контрола. Сите страни треба да ги поддржат Русија и Украина да работат во иста насока и да го продолжат директниот дијалог што е можно побрзо, за постепено да се деескалира ситуацијата и на крајот да се постигне сеопфатен прекин на огнот“,

се наведува во документот на кинеското МНР под точката која гласи „Престанок на непријателствата“.

Документот што го објави во голема мера е повторување на постојната позиција на Кина, која вклучува повикување на двете завојувани страни да ги продолжат мировните преговори. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Минималeцот од март ќе биде 20 175 денари, вели Битиќи

Следно

Лозановска до Ковачевски: Енергетска револуција има само за вас неколку во власта кои произведувате струја, а во државата ЕЛЕМ е доведен до загубар, се краде струја од европската мрежа, се увезува струја, се увезува јаглен, мазут

Latest from Blog

Меџити: Промените во Србија се можност за нов пристап кон регионалната соработка

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во своја објава оцени дека во Србија „победила промената“, опишувајќи го исходот од предвремените парламентарни избори како тежок пораз за Александар Вучиќ

Милошоски домаќин на Холовнија: Потпретседателот на полскиот Сејм во официјална посета на Македонија

Потпретседателот на полскиот Сејм во посета на Македонија: Средби со Милошоски и Мисајловски Потпретседателот на Сејмот на Полска, Шимон Холовнија, денеска доаѓа во официјална посета на македонското Собрание. Според најавената програма, Холовнија

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ
Go toTop