Денеска на Табановце почнува со работа системот „One stop shop“

July 4, 2025
1 min read

На граничниот премин Табановце, кон Србија, денеска стартува системот „One stop shop“ за заедничка контрола.

Од Владата напоменуваат дека со ова ќе се намали метежот на границата, кој во летниот период е оптоварен поради летните одмори и патувањата од нашиот северен сосед кон Грција.

Ваквиот систем веќе функционира со Косово, на граничните премини „Блаце“ и „Јажинце“.

На денешниот настан се очекува да се обратат министерите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Панче Тошковски, односно Ивица Дачиќ. Претходно двајцата министри ќе потпишат протоколи за соработка во граничниот сообраќај. Потпишувањето ќе се одржи во Регионалниот центар на граничната полиција кон Македонија – Прешево, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба

Следно

Спектакуларен залез на сонцето го украси Њујорк по грмежите

Latest from Blog

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес

Бугарското МНР негира дека дистрибуирало дипломатска нота во врска со посетата на семејството на Мицкоски

Бугарското Министерство за надворешни работи негираше дека дистрибуирало дипломатска нота поврзана со посетата на Бугарија на семејството на премиерот, Христијан Мицкоски, објавија бугарските медиуми. „Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота
Go toTop