Лога: Без Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка не може да имаме борба против корупцијата и криминалот

September 21, 2023
1 min read

реклама



Министерот за правда Кренар Лога присуствуваше на последниот состанок на работната група која го подготвува  новиот Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка. Предлагач на законот е Министерството за правда а со работната група претседава Славица Грковска,Заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење.

Со овој закон ќе се оневозможи располагање со имот и имотна корист која не може да се докаже дека е стекната од законски извори што ги прави противправните дејствија неисплатливи и овозможува ефективна борба против криминал и корупцијата.

реклама

Министерот за правда Кренар Лога пред присутните членови на работната група посочи дека овој закон е од исклучително значење и без него не може да се спроведува борбата против криминалот и корупцијата .

Предметот на постапката уредена со овој закон опфаќа имот во или надвор од Република Северна Македонија кој е во сопственост на физички и правни лица лица 

реклама

Со овој закон се овозможува признавање и извршување на странски одлуки за конфискација во граѓанска постапка, како и меѓународна соработка со надлежни органи со цел оневозможување на  располагање со имот кој  не е стекнат од законски извори.

 Услов за поведување на постапката за утврдување на имот чие стекнување не може да се докаже дека е од законски извори согласно овој закон е ако:

реклама

а) има разумно сомневање дека постои имот чие стекнување не може да се докаже дека е од законски извори и

б) нето вредноста на имотот чие стекнување не може да се докаже дека е од законски извори надминува 30000 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија.

Надлежен орган за прибирање на податоци за имот чие стекнување не може да се докаже дека е од законски извори е Управата за финансиска полиција која може да поднесува иницијатива до Државниот правобранител  за определување на мерка за обезбедување на имот.

Текстот на предлог законот ќе биде испратен на мислење на Венецијанската Комисија и Европската Комисија.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија напредува на најновата ФИФА ранг-листа

Следно

Гутереш одвоено се сретна со Абас и Нетанјаху во Њујорк

Latest from Blog

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од

Рустемовски блеска на ЕП, има загарантиран медал од континеталниот собир

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европскоот сениорско првенство во Софија. Нашиот преставник во денешната четвртфинална пресметка беше убедлив и со 4:1 го совлада ерменскиот боксер Артур Бажејан. Со

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на
Go toTop